Овој проект се спроведува во нашето училиште од Април 2012 година со подршка од НВО ORT и ОКарпош заедно со уште три скопски општини.
Целта е да се едуцираат децата и сите граѓани дека треба да се селектира PET амбалажата за да се зачува нашата средина чиста. Навиките се учат од мали нозе па треба и да се научат и применуваат.
Во нашето училиште се организира конкурс : Кое одделение ќе собере најмногу PET шишиња ? Сите ученици земаа учество со голем интерес така да беа соберени над 600 кг шишиња во нашето училиште во тој период. Следуваа награди за најуспешните три одделенија.
Шишињата треба да се носат без етикета и капаче и по можност стиснати.
Нашето училиште набави машина за пресување на шишиња и таа задача ја имаат учениците од повисоките одделенија. Имаме два големи контејнери за шишињата и помали рапределени по училиштето. Што повеќе пластични шишиња да собереме а фирмата ПАКОМАК ќе ги транспортира и за возврат ќе постави сапоњерки во секоја училница за течен сапун. По тоа ќе постави и држач за хартија и сл. Затоа да собираме PET шишиња и да се грижиме за нашата околина.
Да се грижиме за нашата околина!
На следните фотографии можете да ги видите учениците како собираат пет амбалажа и ја складираат во специлајните места за селектиран отпад.

Ајде сите заедно да се грижиме за чиста и здрава околина!




коментарите се зачклучени