Во оваа учебна година наставата ќе ја следат следниот број на ученици:
|
Училиште |
Oдделение |
Број на паралелки |
Број на ученици |
|
О.У. ‘Димо Хаџи Димов” |
I |
4 |
79 |
|
II |
5 |
122 |
|
|
III |
4 |
124 |
|
|
IV |
5 |
137 |
|
|
V |
5 |
134 |
|
|
I – V |
23 |
596 |
|
|
VI |
5 |
122 |
|
|
VII/9 |
5 |
130 |
|
|
VII/8 |
5 |
140 |
|
|
VIII |
5 |
144 |
|
|
VI- VIII |
20 |
536 |
|
|
Вкупно |
I-VIII |
43 |
1132 |
Дополнителна настава се организира со онаа категорија ученици од I-VIII одд. кои не се во состојба да го следат ритамот и динамиката на наставниот процес заради објективни и субјективни причини. За успешно организирање на дополнителната настава неопходно е целосно и континуирано следење и вреднување на успехот и напредокот на секој ученик, како и поставување на точна и навремена дијагноза за неговите развојни особености и потреби, постигнувања, заостанувања и др. Оваа настава се организира во текот на целата наставна година и во вид на продолжителна настава на крајот од наставната година.
Додатна настава и работа со талентирани ученици се организира за ученици кои во текот на редовната настава постигнуваат надпросечни резултати и појавуваат особена надареност и талентираност по одредени наставни предмети, при тоа се применуваат поактивни организациони форми и методи на работа. Распоредот за дополнителна и за додатна настава ќе биде истакнат и ќе им биде достапен на увид на учениците и родителите.
Изборна настава се состои во тоа што ученикот и родителите (преку анкетирање) самостојно го вршат изборот од повеќе понудени предмети на предметот што ќе го изучуваат во зависност од своите потреби и интереси.




коментарите се зачклучени