Димо Хаџи Димов – учител, публицист, македонски социјалист и национален деец се родил на 19 февруари 1875година во селото Горно Броди – Серско, во активно боречко семејство Хаџи Димови.
Завршува педагошко училиште во Бугарија и се посветува на учителската и педагошката работа. Димо Хаџи Димов дејствува во духот на македонската ослободителна борба и револуција.

Димо Хаџи Димов (1875-1924)
Револуционерната големина на Димо Хаџи Димов најбогато се обележува со принципиелноста, длабочината и непомирливоста на неговите револуционерни разбирања.
Ѓорче Петров,Гоце Делчев,Јане Сандански високо го ценеа неговиот идеен став и во него откриваа лициден и бескомпромисен поборник за принципите на македонската револуционерна самостојност.
Димо Хаџи Димов беше приврзаник на самоослободување на Македонија преку револуција со заедничка национално- социјална и интернационална борба на македонскиот народ, беше противникна подарената слобода и туѓи мешања, ја поврза македонската ослободителна борба со борбата на работничката класа и поробените народи, ги осуди балканските војни и поделбата на Македонија.
На 13 септември 1924год. Димо, одејќи кон строгиот центар на Софија, со два куршума од зад грб бил покосен од платен бандитски терорист.
Неговиот животен идеал беше СЛОБОДНА, САМОУПРАВНА, САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ.
” Ако народите имаат право самите да ја определуваат својата судбина, македонскиот народ го има истото тоа право на определување на својата судбина, па нема зошто да ги праша Бугарија,Србија и Грција, туку пред `се себеси и само себеси ” – Димо Хаџи Димов




коментарите се зачклучени