Според мотото на нашето училиште, ” Отворено училиште за сите ” е формиран и кодексот кој, освен основните начела за почитување на точноста, дисциплинираноста, уредноста, хигиената, се однесува и на градење позитивна клима за почитување на личноста, културата на однесувањето како на вработените така и на учениците во соработка и договор со родителите за севкупно почитување на редот и работата на училиштето.
- Заемна соработка – размена на идеи, искуства, односно учење – секој од секого.
- Респектирање – почитување на индивидуални идеи и ставови, надополнување и нивно прифаќање.
- Градење позитивна клима во училиштето преку:
- Подобрување на воспитно-образовната работа пореку:
- Постојано збогатување со стручна литератур и нагледни средства,
- Стоп! – за политиката во училиштето,
- Опременост на училиштето со нагледни средства,
- Безбедност на училиштето,
- Заемно почитување и доверба,
- Почитување на личноста на наставникот,
- Навремено одење на час,
- Дежурства на наставниците,
- Односот на наставникот спрема личноста на ученокот,
- Воспитна компонента,
- Реално и објективно оценување,
- Вклучување на логопед и дефектолог во работата со ученици со посебни потреби,
- Растоварување на наставната материја,
- Наставникот последен ја напушта училницата,
- Мотивација на наставникот,
- Активности за заштита на учениците од насилство,
- Заштита на учениците од пороци,
- Самопроценување на однесувањето на учениците,
- Меѓусебна соработка на учениците,
- Навремено доаѓање на час на учениците,
- Дисциплина и коректен однос на учениците во сите релации и односи,
- Отвореност и објективност на родителите,
- Почитување на работното време
- Почитување на односот спрема личноста на другите
- Одговорно однесување спрема обврските и задачите
- Навремено започнување и завршување на часовите (состаноци, родителски средби)
- Доследна истрајност кон реализација на работните обврски
- Толеранција во комуникацијата
- Хуман однос спрема другите
- Чесно однесување кон туѓата сопственост
- Градење доверба кон себеси и другите
- Заедничка грижа за одржување на хигиената и естетското уредување на училишниот простор
- Надворешен и внатрешен изглед на училиштето
- Продолжување на соработката со институции за успешна реализација на визијата на училиштето.
- Кодекс за пристојно однесување и изгледот на наставникот, изготвен од самите наставници
Од горе наведените задачи и активности посебно ќе се акцентираат задачите и активностите од следниве области:
- Подобрување на воспитната компонента;
- Намалување на неоправданото изостанување од наставата;
- Помош од волонтери-дефектолози и други стручни лица.
Правилници
Програма за превенција од алкохол и наркотични средства
Правилник за професионална ориентација
Правилник за постигањата и напредувањето на учениците




коментарите се зачклучени