Во учебната 2012/2013 година наставата во О.У. “Димо Хаџи Димов” ќе биде реализирана во две смени со околу 1247 ученици, распоредени во 43 паралелки и тоа: една смена одделенска настава со ученици од I – V одделение распоредени во 23 паралелки; втора смена – предметна настава со 20 паралелки; две хетерогени групи од дневен престој со опфат на ученици од I, II, III, IV и V одделение. Наставата е основна форма на ВОД на училиштето и ги опфаќа следниве сегменти:
Редовна настава – Наставата по задолжителните предмети преставува содржинска основа на основното училиште, со која се овозможува вертикална проодност за продолжување на школувањето на учениците во средното образование. Се изведува за сите ученици од I – VIII одделение по наставните предмети според наставниот план и програмите за ВОД.
Во III, IV и V деветогодишно одделение се нуди изборниот предмет Работа со компјутер базирана на образовниот софтвер ТООЛКИДС со два часа неделно. Во IV одделение за изборен предмет е избран предметот Работа со компјутери.




коментарите се зачклучени