1-ви Април-Денот на шегата!
Кловнови,пирати,барбики,вештерки,принцези ….. и што ли уште не.можеше да се види во
нашиот училиштен двор. Маските ја замаскираа стварноста, децата им ги подарија своите
насмевки на сите љубопитни посетители. Реалноста доби поинаков изглед, можеби пореален
и од самата реалност. Кој знае, можеби маската е вистинскиот изглед. Желбата да се биде
поинаков е желба да се види другата страна на лицето, поинаквата страна на вистинскиот
изглед. Сонцето ја осветли секоја брчка, секоја вдлабнатина на челото, но и секој случаен
обид за вистинска спонтана насмевка. Гестовите не беа лажни, туку вистински, реални,
симпатични. А знаете зошто? Затоа што вистината не може да ја скрие вистината на
вистината!




коментарите се зачклучени