БЕВМЕ, ВИДОВМЕ, НАУЧИВМЕ!
На 05.12.2013 учениците кои учествуваат во секциите млади физичари и млади хемичари, од О.О.У. “Димо Хаџи Димов” заедно со наставниците Веселинка Наунчевска и Виолета Димитриева, ги посетија просториите на ПМФ. Св. Кирил и Методиј-Скопје.
Предавањата за физика проф. Оливер Зајков ги збогати со експериментите кои не возбудија, а воедно и не одведоа на едно скалило погоре кон целта-знаењето.
Љубопитноста кај нас растеше и во кабинетите по аналитичка, органска и неорганска хемија. Гостопримливите хемичари, дадоа се од себе, за да ги изведат најпримамливите експерименти, кои ни дадоа многу одговори на прашања од секојдневниот живот.
Нашите млади физичари и хемичари беа готови да останат подолго време во лабораториите каде се експериментираше, но времето беше ограничено. Професорите останаа зачудени од нашиот интерес и знаење, не поканија повторно да ги посетиме, подолго да останеме, а тие со задоволство ќе ни посветат повеќе време и ќе ни овозможат да експериментираме.
Среќни, задоволни и исполнети со нови знаења се вративме во нашиот втор дом-училиштето.
Им благодариме за гостопримливоста на професорите од Св. Кирил и Методиј!
Ученици од физичка и хемиска секција




коментарите се зачклучени