Џифони – Македонија 2014

Група од 12 ученика на возраст од 10 до 12 години заедно со наставничката по англиски јазик, Мимоза Тренева го посетија овогодинешното издание на Филмскиот фестивал Џифони кој се одржуваше од 8-12 Октомври во просториите на Кинотека на Македонија. Учениците имаа можност да погледнат повеќе краткометражни и долгометражни филмови, да се запознаат со неколкумина од глумците во овие филмови и да дадат свое мислење за филмовите. Исто така, учениците беа поделени во 4 работилници  во кои научија интересни работи од областа на глумата, танцот, изработка на модни додатоци и осознаа нешто повеќе за човечките вредности преку креативно-едукативниот Светилник.

За учениците ова беше интересно и едукативно искуство, од кое тие излегоа побогати и задоволни.

Галерија

коментарите се зачклучени

Нашите Најнови Настани

Сеуште не сте наш корисник.
Притиснете тука за да се регистрирате.