Полуматурска вечер 2014/2015

На 10 јуни 2015 година, учениците од IX одделение ја одржаа полуматурската вечер во ресторанот Имес. Тоа беше свечена забава во која дружењето меѓу учениците и наставниците одбележа едно врем што има непосредна автентичност во мигот на вечноста. Генерацијата 2006-2015 претставуваше една уникатна ученичка димензија во биографијата на ООУ „Димо Хаџи Димов“. Неа можеме да ја опишеме како состав од автентични оригинални решенија на судбината. Тоа беше генерација што умееше да биде пристојно дрска, имаше културно држење во комуникацијата, внимателност во интеракцијата, вредна и исполнителна во наставата и, секако, позитивна во сите експлицитни решенија на постоењето.
Вие моќни оригинали, засекогаш ќе бидете врежани во меморијата на училиштето!

коментарите се зачклучени

Нашите Најнови Настани

Сеуште не сте наш корисник.
Притиснете тука за да се регистрирате.