Во периодот од 27 до 29 октомври 2015 година, во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани се одржа републички натпревар „Млади библиотекари 2015“. На натпреварот учествуваа 23 ученици од повеќе општини во државата.
На натпреварот, во борба за првото место беа Стефан Митиќ од нашето училиште и Игор Стојков од ООУ Тодор Јанев. Двајцата имаа исто бодови но сепак на дополнителните прашања подобро одговори Стефан Митиќ така што се здоби со титулата „Најдобар млад библиотекар за 2015 година“.
Честитки до сите учесници а на Стефан му посакуваме понатамошни успеси.
![]() |
| Библиотекарство 2015 |





коментарите се зачклучени