О.У. “Димо Хаџи Димов” се наоѓа на ул. “Ангел Динев” бр.5 во населба Влае – Скопје. Телефонот на училиштето е 2041-635. Училишната зграда е од монтажен и павилјонски тип, изградена веднаш по земјотресот во 1963 год. Од 1963 година училиштето го носи името „Јосип Броз – Тито“ до 1993 год., кога е применувано во ОУ „Димо Хаџи Димов“, според името на македонскиот истакнат револуционер од илинденскиот период на македонската историја. Имено, на 27 декември во 1993 год. завршена е постапката за преименување на училиштето од ОУ ‘Јосип Броз – Тито” во ОУ ‘Димо Хаџи Димов”, а на 20 октомври 1994 год. промовирано е новото име на училиштето на свеченост на која присуствуваше и пригодна реч одржа Министерот за образование и физичка култура, д-р Димитар Бајалџиев. Во 1974 училиштето ја добива највисоката награда на град Скопје – наградата ’13 Ноември”, а истата награда во 1976 ја добива Друштвото за физичка култура при училиштето. Во 1969 година во училиштето почнува да работи училиштен педагог. Така за првпат се поставуваат темелите на стручната служба во тогашната СР Македонија.

Од 1965 год. до 1989 год. во континуитет се организираа средби на ученици и наставници од нашето училиште со 16 училишта низ цела СФРЈ под името ‘Средби на пријатества”.

Во 1987 год. се пушта во работа забна амбуланта која работи во состав на училиштето.

Во 1997 год. е основана асоцијацијата ‘Млади горјани”, прва од ваков вид во рамките на основните училишта во Р. Македонија.

Училиштето е основоположник на Советот на родители – орган на училиштето со свој сопствен статут, прв од ваков вид во Р. Македонија.

Во училиштето се работи проектот ‘Вклучување на децата со посебни потреби во редовното училиште”, односно со деца со посебни потреби и пред официјалното започнување на проектот во 1998 год.

Училиштето редовно учествува на градски, регионални и државни натпревари по сите наставни предмети, за што се добиени и многу награди, признанија, пофалби, дипломи, пехари и друг вид одбележувања на резултатите на учениците.

Од декември 1992 год. во училиштето се воведе рекреативна спортска активност за учениците од одделенска настава која беше предуслов за законско зголемување на фондот на часовите по физичко воспитување од два на три наставни часа седмично.

Во досегашниот период се направени одредени адаптации на училишната зграда и на другите придружни објекти. Во текот на јули 2011 година од страна на општина ‘Карпош” се преземени активности за поголема реконструкција на училиштето со што во голема мера ќе се подобрат условите за реализирање на воспитно-образовната работа. Наставниот процес се реализира  во различни објекти, пет засебни бараки кои се користат зависно од активностите.

коментарите се зачклучени

Нашите Најнови Настани

Сеуште не сте наш корисник.
Притиснете тука за да се регистрирате.