Активности од програмата

 интеграција на еко проектот


       ОУ “Димо Хаџи Димов” – Скопје  се вклучи  во проектот –  Како да се стане ЕКО училиште со посета на семинарот во Мај  2009 год.

       Првиот состанок се одржа на 03.07.2009 со дневен ред:

1.Зошто?

2.Формирање на еко-одбор

3.Потврда за членство.

4.7 чекори до еко-училиште.

5.Насоки за идниот состанок.

        На овој состанок сите беа запознаени со целта на проектот, потребата на еко едукацијата, како и 7-те  чекори за интеграција и реализација на истите за да станеме  ЕКО- училиште. Во еко-одборот се вклучени стручната служба,хигиеничарките, совет на родители и ученици, како и локалната заедница и приватни фирми. Има потпишано пристапници и меморандум.

        Сите беа воодушевени од идејата,целта и понатамошните активности во училиштето со што и се оформи еко одборот. Беше изнесена фактичката состојба во училиштето и преоритетите на кои треба под итно да се работи: Уредување на дворот и чистење на дворот; Уредување на ходниците и училниците; Намалување на отпадот и рециклирање; Штедење на електричната енергија и вода; Спортски активности и дефилеа; Хумани акции; Наградни конкурси; ЕКО- акции; ЕКО- патрола; ЕКО- весник; ЕКО- радио.

        По планираните  еко- состаноци за Анализа на состојбата на  животната средина  следуваа низа акции за чистење на дворот:  уредување со садници и цвеќиња како и средување на ходниците и училниците (Еко активисти во ОУ “Димо Хаџи Димов”)  (Екоакција во ОУ “Димо Хаџи Димов” во Влае), химанитарни акции и продажни изложби – (Хуманитарна изложба во ОУ “Димо Хаџи Димов”)

 Сите активности за средување на училишниот простор беа спроведени пред почетокот на учебната година со добивање на сосема нова зграда на училиштето со сменет под, инсталација, кров, тоалети, ходници, алеи и цела инфра структура во училиштето. Со ова се поставија други цели: Грижа и одржување на новиот ентериер, подот, штедење на енергија и вода,чисти училници, ходници и двор.

 Планирани активности:

  • Еко кодекс
  • Заштеда на вода и енергија.
  • Употреба на еколошки средства за хииена
  • Спорт – стрелаштво со лак и стрела
  • Фото еко  сесија-град и село
  • Едукација за заштита на животната средина.

Заклучок:

   Тековна состојба – реални цели!

   Преоритети за преземање активности!

   Информации за секоја област!

     Поделени се  одредени задолженија по активи и одделенски наставници: еко-комисија,еко-тимови, еко- кодекс, еко- песна,еко- огласна табла,еко- таблички за парцели, компјутерска мрежа за инфо, еко- весник, анализа на потрошувачка,еко- спортски активности,еко-денови, пофалби и критики. Сите задолженија беа со одговорен еко- член во еко-одборот, наставник со еко- ученици кои успешно ја реализираа поставената цел.

 Од сите активности, акции, дефиле (“Зелениот велосипед” појде од “Димо Хаџи Димов”), конкурси, планирани и реализирани часови со еко-стандарди и точки на акции како  и акциони планови  има пишан документ, видео запис,дневен печат  и  фотографии.

  Активности во еко- проектот беа промовирани во детската емисија  Ѕвон -МРТВ со ученици од трето г одделение.

Училиштето аплицираше и за највисоката престижна награда – Зелено знаме поради поминати сите 7 чекори за успешно спроведен проект со сите активности кој  претставува уште поголемо залагање и реализација. Знамето не го добивме без образложение и објаснување од еко мрежа.

Во секоја училница беше поставена апликација еко дрво за Еко-Кодекс каде што сите наставници во одделенска настава имаа задача преку активности со учениците низ наставните содржини да состават свој еко кодекс на кој ќе се придржуваат и ќе го почитуваат. Сите еко кодекси беа во  фото запис.

Еко – кодексот на училиштето беше изработено во вид на еко-дрво и истакнат е на видно место: на бината и во канцеларијата.

Во училиштето беше спроведена недела на еко стандард- Штедење на  енергија, каде што сите ученици од  I  до  VIII  и   IX -летка имаа за задача преку активности низ наставните содржини да изработат плакати, проекти и книги во пишан и електронски (edu buntu,intel) материјал. Сите наставници имаат пополнето формулар под име – Штеди кажи и на друг раскажи со сите спроведени активности таа недела.

     Училиштето е регистрирано во Европско еко-здружение со главен координатор (Финска) Мика Веханен и  Amazing еко здружение со главен координатор (Португалија) Антонио Мендез со кои имаме соработка.

Активностите се заведени на блогови и страни за еко-активности.

И оваа учебна година еко- програмата е во годишната програма на училиштето со реализирање на еко-стандардите по точки на акции по активи и интегрирани содржини во предметна настава по наставни предмети  през учебната година 2011/2012 и истата е одобрена.

Главен координатор –  Екологија

Анета Корун

 

clip_image002[4]

ПРОЕКТ: Марш на жабите- биди климатски паметен

МОТО: ИМАЈ ЗДРАВА КЛИМА СО ЧИСТА ОКОЛИНА

Марш на жабите – биди климатски паметен

 

Нашето училиште Димо Хаџи Димов – Скопје традиционално го одбележува денот на пролетта и екологијата со многу активности. Така е и оваа година. Каде што активностите се планирани во две недели и се интегрирани  со други два проекта: Отворете ги прозорците – општина без дескриминација и Хартијата – креативен медиум. Но сепак главен акцент е на кампањата  од проектот  Екологија на меѓународно ниво –  Марш на жабите – биди климатски паметен .

Маршот ќе го предводи жабата Франк (заштитна маскота на маршот)  која ги носи во себе сите ветувања за чиста клима-средина. Жабата Франк ја храниме со нашите исполнети ветувања бидејќи таа е гладна. Дојдете и вие и нахранете ја жабата со вашето ветување!

Кампањата е во чест  на  Екологија -биди климатски паметен под мотото МАРШ НА ЖАБИТЕ– како дел од интернационалната  ENO-PROGRAMS  каде што сме регистрирани како еко училиште. Во овој проект учествуваат и се регистрирани  училишта од 150 земји од целиот свет.

Покрај учениците, вработените и родителите во училиштето  ООУ Димо Хаџи Димов  учесници се и сите други кои се еколошки расположени  со оптимистички дух.На оваа манифестација ќе има гости и од другите училишта од нашата општина, преставници од НВО, соработници и секако градоначалникот на нашата општина г-н Стевчо Јакимовски.

Ве  известуваме  за  нашиот   МАРШ на  30. 03. 2012 год.   во  12 часот  при  ООУ Димо  Хаџи Димов – Скопје.  Зеленото марширање ќе се спроведе од училиштето до игралиштето во Влаекаде што ќе има пригодна програма од забавен и спортски карактер.

Ќе ни биде посебно задоволство да бидете и вие дел од маршот:

„ Марш на жабите“  – биди климатски паметен

АКТИВНОСТИ  од  19-23.03.2012

1. Изработка на жабата Франк – заштитна жаба-маскота
2. Изработка на фотографии и видеа
3. Изработка на плакати за здрава животна средина според мотото – I  до VIII одд.
4. Изработка на покани до институции и други училишта
5. Чистење на дворот и влезовите
6. Собирна акција – стара хартија
7. Изведба  на  еко песната – Франк (хор и оркестар)
8. Истражување за климата ( географија)
9. Објавување на ликовен и литературен конкурс под мотото – Имај здрава клима со чиста околина
10. Пишување пораки на хартија во различна боја и хранење на жабата ( две недели во континуитет)
11. Еко патроли
12. Одбележување на денот на Екологија  и  Пролетта

clip_image002[6]

BE CLIMATES SMART

2.

АКТИВНОСТИ од 26 – 30.03.2012

1. Сликање на цртежи и пишување лични творби за конкурсот – ликовно, јазик
2. Избор на најдобри  ликовни  и литературни творби
3. Истражување за исхраната на жабите – биологија
4. Читање на дел од пораките – ветувањата на разглас
5. Еко  истражување за домот на жабите
6. Истражување за водата на барата (хемија и физика)
7. Ангажирање на медиуми
8. Фотографирање и документирање на работата и активностите  на учениците
9. Истражување за размножување на жабите (санкцирање) – биологија
10. Историја  за видови на  жабата и нејзината трансформација низ минатото
11. Изработка на бара од природен материјал – ОТП
12. Спортски  натпревари – скокање (физичко)
13. Пеење на песната за жабата Франк – музичко
14. Претстава со пригодна програма од забавен карактер

 Главните активности на учениците според одделенија беа:

  • Учениците од I одделение правеа маски жаби за нивниот актив, и имаа жаби од касирана хартија како маскота на маршот.
  • Учениците од II одделение правеа маски и плакати за еко чиста средина.
  • Учениците од III одделение  правеа жаби од овошје и зеленчук, правеа жаби од тесто, правеа жаби од чадори, сами твореа и компонираа песна еко-жаба. Активот направи жаба кукла од медиапан како маскота на активот-трето.

Сите учесници ставаа свои ветувања во жабата FRANK.

      Еко одбор

ООУ Димо Хаџи Димов – Скопје

коментарите се зачклучени

Нашите Најнови Настани

Сеуште не сте наш корисник.
Притиснете тука за да се регистрирате.