Нашата ученичка Ирина Васиќ е наградена за најдобра песна на фестивалот за детско поетско творештво „Детски лирски треперења“ , организиран од страна на Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија. Песната на ученичката е прогласена за најдобра песна на овој фестивал кој се одржа од 14 -16 јуни во Охрид.
Младата поетеса од Карпош ја изведе својата песна „Секоја точка означува нов почеток“, под менторство на наставничката Васа Топузовска.
Оваа првонаградена песна е објавена во зборникот на фестивалот „Крај езерски бранувања“.




коментарите се зачклучени