Мисија на училиштето
Пример училиште кое преку спроведување на реформите во образованието ќе придонесе за трајни и применливи знаења на своите ученици.
Мото на училиштето
Мотото на нашето училиште е “Отворено училиште за сите”, и со помош на ова мото ние ќе се обидеме да го направиме нашето училиште подобро за сите оние кои учат во него.
Визија на училиштето
Модерно современо училиште кое што претставува пример училиште во спроведување на реформите во образованието се со цел усвојување на трајни знаења, кои со помош на техничката и дидактичката опременост ќе поттикнува развивање на љубопитност и способност кај учениците за истражување, експериментирање и решавање во сите области во текот на учењето.
Со развивање на хармонична клима, работна атмосфера и чувство за припадност на О.У. постигање на поголеми успеси во сите полиња на работење и живеење во училиштето.
Да резимираме – ефектно училиште кое ги почитува и развива индивидуалните потреби, интереси и афинитети на личноста – училиште по мерка на детето-ученикот.
Цели на училиштето
Да се усоврши објективноста во оценувањето на учениците во наставната практика и да се спречи насилното однесување на учениците со цел да се подобри квалитетот на наставата со што ќе се афирмира училиштето.
Нашето училиштето има исклучителна значајна мисија преку која ќе се обиде да организира и спроведува низа активности од кои се издвојуваат:
– Спроведување на национална образовна програма
– Спроведување на воспитно образовен процес, како и негово следење и унапредување
– Унапредување на соработката со општина Карпош и со други субјекти од локалната средина
– Соработка со Владини и Невладини организации од Република Македонија
– Соработка со Институции и организации од Република Македонија
– Соработка со Институции и организации од други земји
– Соработка со институтите за Македонски јазик, Историја и МАНУ
– Соработка со Филозовски, Филолошки и Природно Математички Факултет
– Центри за социјална грижа, Завод за ментално здравје и Здравствени установи
– Соработка со разни Амбасади и Колеџи
Организационо Визионирање
Во оваа учебна година нашето училиште ќе биде насочено кон усовршување на објективноста во оценувањето на учениците во наставната практика, преку разни придружни активности со цел подобрување на наставно-образовниот процес. Ќе се обрне особено внимание на спречување на насилното однесување во наставните и во вон-наставните активности како и во целокупното однесување на ученикот кое треба да биде максимално пристојно. Со ова ќе се подобри квалитетот на наставата во училиштето, а воедно и училиштето ќе постигне поголема афирмација.




коментарите се зачклучени