Почитувани,
Фондацијата „Чекор по чекор“ има посебно задоволство да Ве покани на работилницата „Квалитет на интеракцијата и комуникацијата меѓу учениците, меѓу наставниците и учениците и меѓу родителите и децата и проблемите на кои наишле во услови на изолираност поради КОВИД-19“. Предавачи на оваа тема се Прим. Д-р Мери Бошковска и Проф. Д-р Љулзим Адеми. Оваа обука се реализира во рамки на проектот “И јас имам глас” со поддршка на “Save The Children International” – Косово и Шведската Агенција за меѓународен развој.
Целта на Проектот е да се подобри јавната свест за важноста на проактивното почитување на правата на децата како и за важноста на градењето капацитети на децата и младите за активно и одговорно граѓанство и учество во процесите на донесување одлуки кои ги засегаат на училишно и локално ниво.
Работилницата ќе се оддржи на 21.12. (понеделник) во 16:00 часот. Повелете во прилог линк за вклучување.
ЛИНК – https://us02web.zoom.us/j/83812538175?pwd=c2tkL0NseVlKbEdzb2oyYUI5WHo5Zz09




коментарите се зачклучени