Лектири за учебната 2021/2022 година

Кои се придобивките од читањето книги?

– Проширување на речникот!

– Децата кои читаат книги имаат развиена говорна култура.

– Децата што читаат добро се изразуваат.

– Книгата нѐ носи на необични патувања и нѐ запознава со нови пријатели.

– Книгата нѐ учи на нови нешта, ни помага да стекнеме разни вештини и способности, ни помага да усвоиме сознанија и  информации.

– Читањето го подобрува помнењето.

– Зголемување на способноста за размислување.

– Подобрување на концетрацијата.

– Читањето ја подобрува емпатијата.

– Читателот станува пофлексибилен.

– Оној што чита книги полесно се справува со стресот (Психолозите веруваат дека ова се случува затоа што внесувањето во светот на книгата ја олеснува напнатоста во мускулите и во срцето.)

– Читањето е забавно!

 

Лектири за учебната 2021/2022 година

II одделение

Задолжителни:

  1. Зоки Поки од Оливера Николова
  2. Грдото пајче од Х.К.Андерсен

Изборни:

  1. Сказни од Браќата Грим

III одделение

Задолжителни:

  1. Басни од Езоп
  2. Шеќерна приказна од Славко Јаневски
  3. Доктор Офболи од Корнеј Чуковски

Изборни:

  1. Легенда за Марфи Компирката од Овен Колфер
  2. Кифличката Мирна од Оливера Ќорверзироска

IV одделение

Задолжителни:

  1. Петар Пан  од Дзејмс  Метју Бари,
  2. Сказни за детето Вилен од Глигор Поповски,
  3. Итар Пејо од Стале Попов

Изборни:

  1. Уцилистен театар од Киро Донев
  2. Орхан од Недзати Зекирија

V одделение

Задолжителни:

  1. Убави зборови – поезија – избор од Иван Џепароски
  2. Гоце Делчев од Ванчо Николески
  3. Пајажината на Клементина од Елвин Брукс Вајт
  4. Пипи долгиот чорап од Астрид Линдгрен

Изборни:

  1. Пинокио од Карло Колоди
  2. Мери Попинс од Ф. Л. Травес

VI одделение

1. „Хајди“ од Јохана Шпири – октомври

2. „Црни и жолти“ од Славко Јаневски – ноември

3. „Македонски хумористични приказни“ по избор на Томе Саздов – декември

4. „Големи и мали“ од Бошко Смаќоски – февруари

5. „Робинзон Крусо“ од Д. Дефо – март

6. „Белото циганче“ од Видое Подгорец – април

VII одделение

1. „Збунети години“ од Велко Неделковски – септември

2. „20.000 Милји под морето“ од Жил Верн – октомври

3. „Силјан Штркот“ од Марко Цепенков – ноември

4. „Перуновата стрела“ – од Нина Атанасова Шкрињариќ – декември

5. „Авантурите на Том Соер“ од Марк Твен – февруари

6. „Најубавите митови“ од Густав Шваб – март

7. „Раскази“ по избор на Раде Силјан – април

 VIII одделение

1. „Бегалка“ од Васил Иљоски – септември

2. „Бојан“ од Глигор Поповски – октомври

3. „Споменка“ од Горјан Петревски – ноември

4. „Девојките на Марко“ од Оливера Николова – декември

5. „Хаклбери Фин“ од Марк Твен – февруари

6. „Дневникот на Ана Франк“ – март

7. „Александра“ од Томе Арсовски – април

IX одделение

1. „Автобиографијата“ од Григор Прличев – септември

2. „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски – октомври

3. „Старецот и морето“ од Ернест Хемингвеј – ноември

4. „Повик на Дивината“ од Џек Лондон – декември

5. „Малиот принц“ од Антуан де сент Егзипери – февруари

6. „Бели мугри“ од Коста Солев Рацин – март

7. „Црни овци“ – антологија на светскиот расказ

избор на Катица Ќулавкова – април

коментарите се зачклучени

Нашите Најнови Настани

Сеуште не сте наш корисник.
Притиснете тука за да се регистрирате.