Изборни предмети од VI – VIII се:
Врз основа на насоките на БРО и МОН во училиштето “Димо Хаџи Димов” во мај спроведена е анкета за определување изборни предмети кои ќе бидат изучувани во учебната 2012/2013год.
За изборните предмети кои ќе бидат изучувани во учебната 2012/2013 год. во VI одделение, VII одд. осмогодишно образование, VII одд. деветгодишно образование и VIII одд., преку анкетни листови учениците и нивните родители се информирани за предметите и нивната содржина. Според анализата на нивниот избор, дефинирани се следниве предмети.
Во VI одделение образование застапени се следниве изборни предмeти:
- Запознавање со религиите -38 ученици
- Класична култура на европската цивилизацијa – 82 уценици
- Етика на религиите – 0 ученици
Во VII одделение деветгодишно образование застапени се следниве изборни предмети:
- Вештини за живеење – 97 ученици
- Проекти од музичката уметност – 0 ученици
- Изборен спорт – 32 ученици
Во VII одделение застапени се следниве изборни предмети:
- Проекти од информатика – 54 ученици
- Техничко образование -86 ученици
- Вештини на живеење – 0 ученици
Во VIII одделение застапени се следниве изборни предмети:
- Програмирање – 40 ученици
- Техничко образование – 63 ученици
- Изборен спорт – 40 ученици
Согласно со членот 29 од Законот за основно образование, се предвидува на Одделенскиот час да се предаваат содржини и да се реализираат активности и работилници за личниот и социјалниот развиток на учениците според програмата Образование за животни вештини. Одделенските раководители, кои ја поминале обуката за Образование за животни вештини, ќе ја реализираат програмата во целост.




коментарите се зачклучени