Во оваа учебна година наставата ќе ја следат следниот број на ученици:

Училиште

Oдделение

Број на паралелки

Број на ученици

О.У. ‘Димо Хаџи Димов”

I

4

79

II

5

122

III

4

124

IV

5

137

V

5

134

I – V

23

596

VI

5

122

VII/9

5

130

VII/8

5

140

VIII

5

144

VI- VIII

20

536

Вкупно

I-VIII

43

1132

 

       Дополнителна настава  се организира со онаа категорија ученици  од  I-VIII одд. кои не се во состојба да го следат ритамот и динамиката на наставниот процес заради објективни и субјективни причини. За успешно организирање на дополнителната настава неопходно е целосно и континуирано следење и вреднување на успехот и напредокот на секој ученик, како и поставување  на точна и навремена дијагноза за неговите развојни особености и потреби, постигнувања, заостанувања и др. Оваа настава се организира во текот на целата наставна година и во вид на продолжителна настава на крајот од наставната година.

      Додатна настава и работа со талентирани ученици се организира за ученици кои во текот на редовната настава постигнуваат надпросечни резултати и појавуваат особена надареност и талентираност  по одредени наставни предмети, при тоа се применуваат поактивни организациони  форми и методи на работа. Распоредот за дополнителна и за додатна настава ќе биде истакнат и ќе им биде достапен на увид на учениците и родителите.

     Изборна настава се состои во тоа што ученикот и родителите (преку анкетирање) самостојно го вршат изборот од повеќе понудени предмети на предметот што ќе го изучуваат во зависност од своите потреби и интереси.

коментарите се зачклучени

Нашите Најнови Настани

Сеуште не сте наш корисник.
Притиснете тука за да се регистрирате.