Презентација за културата во XIX век во Европа

Презентација за културата во XIX век во Европа

УМЕТНОСТ

Под поимот уметност обично се подразбира визуелна уметност. Во уметноста спаѓаат:

*Ликовната уметност е класа на уметности во која спаѓаат сликарството, скулптурата, фотографијата, гравурата и други, кои се главно од визуелен карактер.

*Вајарство во уметностите најчесто се однесува на скулптура, а скулптура е било која тридимензионална форма создадена како уметнички израз.Поимот скулптура исто така се однесува на уметничката дисциплина, акт или уметност на правење скулптури низ манипулација на материјали. Уметникот што го прави ова е наречен „вајар“ (или скулптор).

ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ

 

 

*Клод Моне бил познат француски импресионистички сликар. Терминот Импресионизам доаѓа од насловот на неговата слика Импресија, изгрејсонце, односно Клод Моне е еден од основачите на овој правец во уметноста.

 

 

 

Моне на почетокот сликал пејсажи. Некои мотиви ги пресликувал повеќепати, као на пример фасадите на Руенската катедрала.Импресија, изгрејсонце, е потпишана со година 1872, но веројатно е насликана во 1873. На неа е прикажано пристаништето во Хавр, Франција, по пат на мошне лабави потези кои го наведуваат наместо да го отцртуваат делото. Моне подоцна го објаснил насловот: „Ми беше побарано да ставам наслов за во каталогот;

Неможев баш да го наречам ова погед на Хавр. Затоа реков: ‘Стави Импресија.’“Се изложувала до 1874 за време на првата независна изложба на импресионистите (кои тогаш не се нарекувале така). Критичарот Луј Лерој, под впечаток на името на сликата, напишал статија во весникот Ле Шаривари со наслов „Изложбата на импресионистите“, и така ненамерно му дал име на ова уметничко движење.

Лерој таму напишал: Импресија — Сигурен бев. Баш си велев дека, штом бев импресиониран, делото мора да содржи некаква импресија … и каква слобода, каква леснотија на изработка! Сликата била украдена од музејот Мармотен-Моне во 1985 и повратена назад во 1990. Од 1991, па наваму таа е пак изложена. Дигитално одзаситена верзија на сликата–Сонцето и неговиот одблесок во водата тука се практично невидливи.Моне го насликал соннцето со речиси идентична доза на блесок како и небото, околност која укажува на висока влажност како и атмосферско бледнеење на светлината.
Овој детал се заснова на употребата на комплементарни бои и разна температура на боја, а не на промената на интензитетот на боите или контраст на вредности, за истакнување и разликување на сонцето од неговото окружување.

 

*Едгар Дега исто така бил француски сликар, еден од најпознатите претставници на ликовната уметност во 19 век. Се смета за еден од основачите на импресионизмот иако тој самиот го отфрлал тој термин, и повеќе сакал да го нарекуваат реалист. Изработил низа на бакрописи, цртежи и скулптури.Преокупиран со урбани призори, со балерини, со призори на коњски трки, Дега никогаш целосно не му свртил грб на реализмот и на неговите мајстори како Енгр и Делакроа. Тој повеќето од своите дела ги создава во ателје, но и покрај тоа поголемиот дел од историчарите на уметноста се согласуваат дека неговото место е во рамките на импресионизмот.

 


Откако се вратил од Италија во 1859, Дега продолжил да се школува пресликувајќи слики од Лувр; Во раните 1860ти, додека бил на посета кај својот другар од детството Пол Валпион во Нормандија, тој за првпат почнал да ги проучува коњите. За првпат имал изложба во Салонот во 1865, кога жирито ја прифатило неговата слика Сцени од средновековна војна, која не привлекла многу внимание. Сепак, тој изложувал секоја година во Салонот, но веќе не сликал историски слики, и неговата слика Трка со коњи—Паднатиот џокеј го најавила неговиот растеж во современото сликарство.

Промената во неговото сликарство било влијанието на Едуар Мане, којшто Дега го сретнал во 1864 додека пресликувал во Лувр.
За време на француско-пруската војна во 1870, Дега бил регрутиран во Националната гарда, па во текот на одбраната на Париз немал многу време да се посвети на сликарството. Во тоа време забележал и дека има проблем со окото, и истиот проблем со видот го следел во тек на сиот негов живот. По војната, во 1872, Дега бил на продолжен престој во Њу Орлеанс, Луизијана, каде што живеел брат му Рене и бројни негови роднини. Живеејќи во куќата Еспленада, Дега изработил бројни свои дела, од кои доста биле слики на кое биле претставени членовите на неговото семејство. Едно од делата на Дега во Њу Орлеанс, кое прикажувало сцена на размена на памук во Њу Орлеанс, се здобило со достојно внимание во Франција, и било единственото дело земено за музеј во {оној во По} во тек на неговиот живот.

Дега се вратил во Париз во 1873. Таа година починал татко му, а се видело и дека неговиот брат Рене има големи финансиски проблеми.

За да го зачува семејното име, Дега бил принуден да си ја продаде куќата и уметничките дела што ги поседувал. Оттогаш финансиски станал зависен и морал да живее и да се снаоѓа продавајќи ги своите слики. Го напуштил Салонот и се здружил со група на млади уметници кои имале намера да организираат самостојни изложби.
Нивната прва изложба која била наречена Изложба на импресионистите била во 1874. Импресионистите имале седум такви свои изложби а последната се случила во 1886. Дега ја зел водечката улога во организирање на таквите изложби и биле прикажувани делата на сите уметници, но сепак, не се чувствувал ист како нив и гледал малку сличности меѓу себе и Моне и често пати знаел да им се потсмева на оние уметници кои сликале пејсажи надвор од своите ателјеа.Во доцните 1880, Дега исто така развил и страст кон фотографијата. Фотографирал многумина од своите пријатели, меѓу кои Реноар и Маларме. Други фотографии, на кои биле прикажани танчерки и акти, биле користени како појдовна точка за некои негови цртежи и слики.

Изработила: Олга Дамовска 7д

коментарите се зачклучени

Нашите Најнови Настани

Сеуште не сте наш корисник.
Притиснете тука за да се регистрирате.