Димитар Поп-Ѓорѓиев Беровски
Димитар Поп-Георгиев Беровски (1840–1907) бил македонски револуционер. Во Бугарија се смета за бугарски револуционер. Димитар Поп-Георгиев Беровски организатор и раководител на Разловечкото востание и учесник во Кресненското востание. Бил близок соработник на Гоце Делчев.
Животен пат

Учел духовна семинарија во Одеса во 1858 година, но морал да ја напушти поради својот бунтовен карактер. Преминал во Србија во 1861 година, каде ја завршил Белградската воена школа. Учествува во Првата бугарска легиjа, раководена од Георги Сава Раковси. Враќајќи се дома, служел како бугарскиучител.
Од 1875година целосно се посветил на револуционерна работа и ослободувањето на Македонија од турското ропство. Истата година во Солун формира кружок на заговорници-истомисленици, а во1876 во Малешевско го организирал и раководел со Разловечкото востание , подоцна задушено од Турците. По двегодишно крстосување со четата во 1878година го подигнал Кресненското (Македонското) востание кое имало за цел да се прошири на целата територија на Македонија. Кога и ова востание не успеало, Димитар Поп-Георгиев Беровски се префрла во Бугарија која тогаш веќе била ослободена и оттаму ги помага акциите за ослободувањето на Македонија. Димитар Поп-Георгиев Беровски како бугарски пратеник од Македониjа учествувал во работата на Собранието на Кнежеството Бугариjа со цел за за припоjување на Македониjа и Обединета Бугариjа.

Бугарски трупи на српско-бугарската граница
Воедно, Димитар Поп-Георгиев бил и иницијатор за обнова на Охридската Архиепископија, преку Унија на христијаните Македонци со Ватикан. Бил еден од најдобрите соработниците на унијатските владици Нил Изворов и Харитон, кои во 1874г. ги отцепиле од бугарската црква мали делови од серската, мелничката, струмичката, воденската, кукушката и солунската област и ги приврзале кон Ватикан и т. нар. Втора Бугарска униja. Од јуни 1880 година до 10 јануари 1881 година Беровски е околиски началник на град Радомир, подоцна e назначен за окружен началник на Ќустендил, подоцна е околиски началник на град Цариброд.
Беровски учествува во Српско-бугарската војна со четата на Дедо Иљо Малешевски, која на 4 ноември 1885 година влегува во составот на Радомирскиот одред на бугарската војска. За заслуги во војната е награден со „Орден за храброст“.
Изработил: Огнен Динев VII г




коментарите се зачклучени