![]()
ПРОЕКТ: Марш на жабите- биди климатски паметен
МОТО: ИМАЈ ЗДРАВА КЛИМА СО ЧИСТА ОКОЛИНА
Марш на жабите – биди климатски паметен
Нашето училиште Димо Хаџи Димов – Скопје традиционално го одбележува денот на пролетта и екологијата со многу активности. Така е и оваа година. Каде што активностите се планирани во две недели и се интегрирани со други два проекта: Отворете ги прозорците – општина без дескриминација и Хартијата – креативен медиум. Но сепак главен акцент е на кампањата од проектот Екологија на меѓународно ниво – Марш на жабите – биди климатски паметен .
Маршот ќе го предводи жабата Франк (заштитна маскота на маршот) која ги носи во себе сите ветувања за чиста клима-средина. Жабата Франк ја храниме со нашите исполнети ветувања бидејќи таа е гладна. Дојдете и вие и нахранете ја жабата со вашето ветување!
Кампањата е во чест на Екологија -биди климатски паметен под мотото МАРШ НА ЖАБИТЕ – како дел од интернационалната ENO-PROGRAMS каде што сме регистрирани како еко училиште. Во овој проект учествуваат и се регистрирани училишта од 150 земји од целиот свет.
Покрај учениците, вработените и родителите во училиштето ООУ Димо Хаџи Димов учесници се и сите други кои се еколошки расположени со оптимистички дух.На оваа манифестација ќе има гости и од другите училишта од нашата општина, преставници од НВО, соработници и секако градоначалникот на нашата општина г-н Стевчо Јакимовски.
Ве известуваме за нашиот МАРШ на 30. 03. 2012 год. во 12 часот при ООУ Димо Хаџи Димов – Скопје. Зеленото марширање ќе се спроведе од училиштето до игралиштето во Влае каде што ќе има пригодна програма од забавен и спортски карактер.
Ќе ни биде посебно задоволство да бидете и вие дел од маршот:
„ Марш на жабите“ – биди климатски паметен
|
АКТИВНОСТИ од 19-23.03.2012 |
|
| 1. | Изработка на жабата Франк – заштитна жаба-маскота |
| 2. | Изработка на фотографии и видеа |
| 3. | Изработка на плакати за здрава животна средина според мотото – I до VIII одд. |
| 4. | Изработка на покани до институции и други училишта |
| 5. | Чистење на дворот и влезовите |
| 6. | Собирна акција – стара хартија |
| 7. | Изведба на еко песната – Франк (хор и оркестар) |
| 8. | Истражување за климата ( географија) |
| 9. | Објавување на ликовен и литературен конкурс под мотото – Имај здрава клима со чиста околина |
| 10. | Пишување пораки на хартија во различна боја и хранење на жабата ( две недели во континуитет) |
| 11. | Еко патроли |
| 12. | Одбележување на денот на Екологија и Пролетта |
![]()
BE CLIMATES SMART
2.
|
АКТИВНОСТИ од 26 – 30.03.2012 |
|
| 1. | Сликање на цртежи и пишување лични творби за конкурсот – ликовно, јазик |
| 2. | Избор на најдобри ликовни и литературни творби |
| 3. | Истражување за исхраната на жабите – биологија |
| 4. | Читање на дел од пораките – ветувањата на разглас |
| 5. | Еко истражување за домот на жабите |
| 6. | Истражување за водата на барата (хемија и физика) |
| 7. | Ангажирање на медиуми |
| 8. | Фотографирање и документирање на работата и активностите на учениците |
| 9. | Истражување за размножување на жабите (санкцирање) – биологија |
| 10. | Историја за видови на жабата и нејзината трансформација низ минатото |
| 11. | Изработка на бара од природен материјал – ОТП |
| 12. | Спортски натпревари – скокање (физичко) |
| 13. | Пеење на песната за жабата Франк – музичко |
| 14. | Претстава со пригодна програма од забавен карактер |
Еко одбор
ООУ Димо Хаџи Димов – Скопје




коментарите се зачклучени