ПРОЕКТ: Марш на жабите- биди климатски паметен

clip_image002[4]

ПРОЕКТ: Марш на жабите- биди климатски паметен

МОТО: ИМАЈ ЗДРАВА КЛИМА СО ЧИСТА ОКОЛИНА

Марш на жабите – биди климатски паметен

 

Нашето училиште Димо Хаџи Димов – Скопје традиционално го одбележува денот на пролетта и екологијата со многу активности. Така е и оваа година. Каде што активностите се планирани во две недели и се интегрирани  со други два проекта: Отворете ги прозорците – општина без дескриминација и Хартијата – креативен медиум. Но сепак главен акцент е на кампањата  од проектот  Екологија на меѓународно ниво –  Марш на жабите – биди климатски паметен .

Маршот ќе го предводи жабата Франк (заштитна маскота на маршот)  која ги носи во себе сите ветувања за чиста клима-средина. Жабата Франк ја храниме со нашите исполнети ветувања бидејќи таа е гладна. Дојдете и вие и нахранете ја жабата со вашето ветување!

Кампањата е во чест  на  Екологија -биди климатски паметен под мотото МАРШ НА ЖАБИТЕ – како дел од интернационалната  ENO-PROGRAMS  каде што сме регистрирани како еко училиште. Во овој проект учествуваат и се регистрирани  училишта од 150 земји од целиот свет.

Покрај учениците, вработените и родителите во училиштето  ООУ Димо Хаџи Димов  учесници се и сите други кои се еколошки расположени  со оптимистички дух.На оваа манифестација ќе има гости и од другите училишта од нашата општина, преставници од НВО, соработници и секако градоначалникот на нашата општина г-н Стевчо Јакимовски.

Ве  известуваме  за  нашиот   МАРШ на  30. 03. 2012 год.   во  12 часот  при  ООУ Димо  Хаџи Димов – Скопје.  Зеленото марширање ќе се спроведе од училиштето до игралиштето во Влае каде што ќе има пригодна програма од забавен и спортски карактер.

Ќе ни биде посебно задоволство да бидете и вие дел од маршот:

„ Марш на жабите“  – биди климатски паметен

АКТИВНОСТИ  од  19-23.03.2012

1. Изработка на жабата Франк – заштитна жаба-маскота
2. Изработка на фотографии и видеа
3. Изработка на плакати за здрава животна средина според мотото – I  до VIII одд.
4. Изработка на покани до институции и други училишта
5. Чистење на дворот и влезовите
6. Собирна акција – стара хартија
7. Изведба  на  еко песната – Франк (хор и оркестар)
8. Истражување за климата ( географија)
9. Објавување на ликовен и литературен конкурс под мотото – Имај здрава клима со чиста околина
10. Пишување пораки на хартија во различна боја и хранење на жабата ( две недели во континуитет)
11. Еко патроли
12. Одбележување на денот на Екологија  и  Пролетта

clip_image002[6]

BE CLIMATES SMART

2.

АКТИВНОСТИ од 26 – 30.03.2012

1. Сликање на цртежи и пишување лични творби за конкурсот – ликовно, јазик
2. Избор на најдобри  ликовни  и литературни творби
3. Истражување за исхраната на жабите – биологија
4. Читање на дел од пораките – ветувањата на разглас
5. Еко  истражување за домот на жабите
6. Истражување за водата на барата (хемија и физика)
7. Ангажирање на медиуми
8. Фотографирање и документирање на работата и активностите  на учениците
9. Истражување за размножување на жабите (санкцирање) – биологија
10. Историја  за видови на  жабата и нејзината трансформација низ минатото
11. Изработка на бара од природен материјал – ОТП
12. Спортски  натпревари – скокање (физичко)
13. Пеење на песната за жабата Франк – музичко
14. Претстава со пригодна програма од забавен карактер

 

      Еко одбор

     ООУ Димо Хаџи Димов – Скопје

коментарите се зачклучени

Нашите Најнови Настани

Сеуште не сте наш корисник.
Притиснете тука за да се регистрирате.