Општински натпревар на Млади библиотекари

На 27 септември 2013 година се одржа XIV Општински натпревар на Млади библиотекари, во просториите на ЈУ Градска библиотека “Браќа Миладиновци”.
На натпреварот учествуваа 61 ученик од 23 (дваесет и три) основни училишта од Скопје. Од ООУ “Димо Хаџи Димов” учествуваа следниве ученици и ги освоија следните места:

  1. Илинка Митрева – VII одд – 2 место
  2. Стефан Митиќ – VII одд – 7 место
  3. Аника Цветковска – VIII одд – 10 место
  4. Дијана Дурлевиќ – VIII одд – 28 место

Ученичката Илинка Митрева од VII одд, која се пласира на 2 (второто) место, ќе учествува на Државниот натпревар кој ќе се одржи на 25 октомври (петок) во Локалната Библиотека ” Страшо Пинџур” во Неготино.

Им честитаме на сите учесници, а на Илинка Митрева и пожелуваме успех во Неготино.

Ментор – Слободан Тодоровски – библиотекар.

коментарите се зачклучени

Нашите Најнови Настани

Сеуште не сте наш корисник.
Притиснете тука за да се регистрирате.