На 27 септември 2013 година се одржа XIV Општински натпревар на Млади библиотекари, во просториите на ЈУ Градска библиотека “Браќа Миладиновци”.
На натпреварот учествуваа 61 ученик од 23 (дваесет и три) основни училишта од Скопје. Од ООУ “Димо Хаџи Димов” учествуваа следниве ученици и ги освоија следните места:
- Илинка Митрева – VII одд – 2 место
- Стефан Митиќ – VII одд – 7 место
- Аника Цветковска – VIII одд – 10 место
- Дијана Дурлевиќ – VIII одд – 28 место
Ученичката Илинка Митрева од VII одд, која се пласира на 2 (второто) место, ќе учествува на Државниот натпревар кој ќе се одржи на 25 октомври (петок) во Локалната Библиотека ” Страшо Пинџур” во Неготино.
Им честитаме на сите учесници, а на Илинка Митрева и пожелуваме успех во Неготино.
Ментор – Слободан Тодоровски – библиотекар.




коментарите се зачклучени