Илирите имале развиена култура. Најголемо влијание на нивната култура имале римската и хеленската култура. Трговските и културните врски со хеленските колонии довеле до ширење на хеленското културно влијание врз илирските племиња. Подоцна кога Илирите паднале под римска власт, тие ја попримиле нивната култура.
![]()
![]()
![]()
Култови и религија
Илирите негувале повеќе култови, коишто биле поврзани со почитување на природните сили. Кај северните илирски премиња се почитувал култот на Сонцето, а кај јужните змијата. Таа се прикажувала на накит и други предмети. Илирите ги почитувале шумите, реките и водата.
Илирите биле многубошци. Главно божество бил богот Силван кој бил заштитник на шумите и пасиштата. Кај некои племиња особено раширен бил култот на богот Бинд, заштитник на изворите и водите. Го почитувале и богот на војната Медаур.
Начин на живеење
![]()
Илирите зборувале на посебен јазик. Тој бил стоден со јазиците на соседните народи, но се разликувал од нив. Тие немале свое писмо, па затоа јазикот не е зачуван. Не се зачувани натписи или други документи на нивниот јазик. Зачувани се само неколку одделни зборови и повеќе лични имиња и имиња на места.
Најголем дел од Илирите живееле во селата, а помал дел од населението живеел во утврдени градови. Во градовите живееле владетели, аристократи, трговци и занаетчии. Постоеле голем број илирски утврдени градови . Познати биле: Пелион, Димале, Скадар и други.
Еден од најголемите градови во Илирија бил градот Билис. Тој имал дебели ѕидишта долги преку 2 километри, имал голем плоштад, театар за околку 7000 гледачи, цистерна за вода и стадион.
Многу владетели ковале свои пари. Пари ковале и многу градови, како: Дирахеон, Билис и други.
![]()
![]()
![]()
Остатоци од материјална култура
Илирите оставиле значајни археолошки сведоштва за својата материјална и духовна култура. За животот и културата на Илирите најдобро зборуваат материјалните остатоци. Тоа се претежно предмети од глина, камен и метал најдени на териториите што ги населувале илирските племиња. Со археолошки истражувања се откриени многу накит, садови, скулптури и други предмети. Откриени се исто така и остатоци од градби.
Зачувани се исто така и остатоци од утврдени населби на Илирите, заштитени со монументални одбранбени ѕидишта, изградени од големи камени блокови.
![]()
Изработил: Илија Ристовски VI 4




коментарите се зачклучени