Втора година по ред на 11 декември, традиционално беше одржан ОТВОРЕН ДЕН ПО ГРАЃАНСКО ОБРАЗОВАНИЕ.
Целта е да ја зајакнеме демократската атмосфера во училиштето , но и надвор од него. Акцентот беше особено ставен на градењето култура на однесување. Учество земаа наставниците и учениците од предметна и од одделенска настава. Темата која беше реализирана во рамките на отворениот ден посветен на зајакнување на демократската клима во оваа учебна година гласеше: „Зајакнување на демократската клима во училиштето – градење на култура на однесување и почит кон другите“. Кон крајот на наставниот ден учениците стекнаа знаења и способности за пристојна граѓанска комуникација што во иднина ќе се користи како за подобрување на внатрешната училишна клима, така и за вонучилишна интеракција во граѓанското секојдневје.

Честитки изработени од учениците по повод ОТВОРЕН ДЕН ПО ГРАЃАНСКО ОБРАЗОВАНИЕ

Презентации изработени од учениците по повод ОТВОРЕН ДЕН ПО ГРАЃАНСКО ОБРАЗОВАНИЕ

коментарите се зачклучени

Нашите Најнови Настани

Сеуште не сте наш корисник.
Притиснете тука за да се регистрирате.