Примена на асистивна информатичка технологија во “Димо Хаџи Димов”

ООУ “Димо Хаџи Димов” е едно од  првите 5 училишта – кои представуваат модел училиште за инклузивно образование. Во оваа асистивна информатичка технологија учествуваа 45 паралелки од I до  VIII одделение со вкупен број на ученици 1213.

Во инклузијата учествуваа 32 ученици со посебни потреби. Методите и техниките кои се употребуваа се :

  • диференциран приод
  • индивидуален пристап
  • изработка на ИОП
  • примена на асистивна информатичка технологија
Професионално усовршување на наставниот кадар за примена на асистивна технологија го реализираше Здружението “Отворете ги прозорците” во период од 21.09.2011 до 23.09.2011 год. Беа обучени 19 наставници од одделенска и предметна настава и педагог и психолог од стручната служба.
Со воведувањето на асистивна информатичка технологија им се овозможи подобар и полесен пристап до информатичката технологија кај децата со телесен хендикеп, интелектуален хендикеп, слабовидни, Down Sy. и др.
Самата примена на асистивна информатичка технологија се состоеше од:
  • АИТ ги користи постојните пристапни опции на софтверскиот пакет инсталиран на училишните компјутерии.
  • Придобивки: можност за стекнување конкретни знаења и вештини.
  • Распоредени уреди: 10 уреди во одделенска каде има деца со посебни потреби, во предметна кај наставници кои ја посетиле обуката.

Ученикот од VII б – Христијан Стојанов преку презентација на час по математика со примена на асистивна технологија им презентираше на децата со посебни потреби презентација за “Моними и Полиноми”. Самата презентација се состоеше од усвојување на основни знаења од темата “Мономи и полиноми” , да препознава бројки и рационални изрази во примери (моном, бином, полином), корелација помеѓу предметот математика и информатика. Придобивките од самата презентација беа повторување и утврдување  од сите ученици со посебни потреби.

 

Фотографии од настанот (притиснете на било која фотографија да ја зголемите)

Доколку сакате можете да ја превземете оригиналната презентација од следниот линк:

Примена на асистивна информатичка технологија во редовните основни училишта

коментарите се зачклучени

Нашите Најнови Настани

Сеуште не сте наш корисник.
Притиснете тука за да се регистрирате.