Известување

Ведри лица и очи полни надеж, утрово ги пречекаа своите “гости”. ООУ „Димо Хаџи Димов“  на 08.12.2012г  беше домаќин на г. Ричард Ховит, известувач за Македонија во Европскиот парламент, кој со посредство на Канцеларијата на УНИЦЕФ во нашата земја дојде да го види напредокот на социјалната инклузија на децата со посебни потреби во рамки на ова училиште и на Општина Карпош. На посетата, освен инклузивниот тим и наставен кадар кој работи со овие деца, присуствуваа и градоначалникот на Општина Карпош  Стевчо Јакимовски и Шелтон Јет, шефот на канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија. Не случајно токму ова училиште беше цел на оваа посета.

Имено токму во него во редовна настава се вклучени 28 ученика со различни посебни потреби, што воедно го прави едно од најинклузивните училишта на територијата на нашата држава. -Сакам да се запознаам со она што го прави ова училиште за дец

ата со посебни потреби, и зошто токму ова училиште е посебно кога станува збор за инклузијата на овие деца. Моја работа е оваа држава да влезе во Европската унија, затоа што тоа е подобро за сите граѓани, а посебно за лицата со посебни потреби. Токму затоа инклузијата на лицата со посебни потреби е дел од критериумите во процесот на евроинтеграции, истакна европарламентарецот Ховит. -Разговарав со УНИЦЕФ каде би можел да одам за да видам како се работи на овој план и тие ми рекоа дека најдобро училиште и најдобра општина која работи со лицата со посебни потреби е оваа и затоа дојдов да ви искажам почит.

коментарите се зачклучени

Нашите Најнови Настани

Сеуште не сте наш корисник.
Притиснете тука за да се регистрирате.