Како да ги мотивирате децата да читаат книги?

Најдобриот начин за вродување на љубовта кон книгите е преку моделирање на однесувањето и читањето во семејството. На децата мора да им се покаже дека ги сакаме книгите и дека уживаме во читањето. Тоа ќе го мотивира детето да почне да чита. Исто така треба да се пофалат за трудот кој го вложиле читајќи некоја убава книга. Да се разговара почесто на оваа тема укажувајќи на тоа дека колку повеќе читаме толку повеќе стануваме сигурни и ја градиме нашата сопствена самодоверба.
Децата кои дома ги гледаат своите родители како читаат весници, литература, енциклопедии, книги, исто така лесно ќе го следат примерот и за нив читањето нема да претставува проблем и мачна обврска затоа што детето расте и учи од она што го гледа а секое дете и свесно и несвесно сака да се идентификува со возрасните и да се доживува себе си како мал голем човек. И многу е важно сето ова да започне рано, уште од третата година на детето преку читање сликовници од страна на родителите, подарување сликовници, изработка на домашни сликовници со слики кои ги цртале децата или со лепење сликички од познати јунаци и творење нивни нови содржини на различни теми. Доколку наставниците и родителите стратегијата за активностите на децата ја направат заеднички, тоа е гаранција за загарантиран успех…
Од голема помош би било кога самиот наставник уште на самиот крај на учебната година би споделил со своите ученици ПЛАН за летен одмор. Идеално би било кога тој план за читање лектири, книги и творење би го направил заедно со своите ученици околу себе, како свои партнери кои би се согласиле самостојно и самостојно би предлагале решенија, идеи за игри и активности. Ако детето и самото е вклучено во креирање на обврските тоа повеќе ќе знае да ги почитува и нема да му претставуваат одбивност бидејки и самиот е творец на таа идеја, а не добил само наметната, здодевна едукативна обврска. Во текот на планирање на обврските со учениците околу себе наставникот може ненаметливо да предлага свои идеи, а притоа да ги консултира учениците за мислење и да им дава избор на активности. Учениците лесно ќе ги прифатат тие сугестии доколку се работи за интересни и забавни креативни активности.
За да го мотивирате вашето дете да чита лектири обидете се да се вклучите во неговото читање. Доколку се работи за поголема лектира, читајте паралелно со детето за да му помогнете подоцна со составувањето на приказната. Исто така, заедно можете да ги коментирате книгата, содржината, главните ликови. Ако лектирата е куса, поттикнете го да чита гласно, за да се вклучите во неговото читање.
Новите медиуми не се по дефиниција зло за децата и за читањето лектири. Постојат специјализирани страници за лектири и книги со корисни методи и техники како да создадете читачки навики кај вашето дете.
Поттикнете го да пребара интересни факти за животот на авторот или, пак, за местото каде што се случува дејството во лектирата. Нека се обиде да дознае дали постои некаква стрип или филмска адаптација на книгата. Споредете ги и насочете го впечатоците да ги размени со врсниците во рамките на својата група на „Фејсбук“.

коментарите се зачклучени

Нашите Најнови Настани

Сеуште не сте наш корисник.
Притиснете тука за да се регистрирате.