По повод патрониот празник на ЈЗУ „Геронтолошки завод 13 Ноември 16“, нашите ученици во придружба на училишниот педагог Тања Богеска, беа во посета на оваа установа. Училишниот оркестар под раководство на наставничката по музичко Марија Ценевска имаше настап пред лицата во домот. Оркестарот исполни неколку нумери со што им го разубави денот на присутните. Исто така настап имаше и рецитаторска група. На настапот се придружија и лицата во домот со свој рецитал. Оваа не е наша прва посета во домот и полека прераснува во традиција.




коментарите се зачклучени