Повик за избор на ученички правобранител и заменици на ученичките Правобранители

ООУ „Димо Хаџи Димов “ објавува повик за избор на ученички правобранител и заменици на ученичките правобранители.

Ученичкиот правобранител е ученик што ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во и надвор од училиштето (училиштен кадар и Народен правобранител).

 

I. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Право на пријавување за функцијата ученички правобранител имаат учениците од 7, 8 или 9 одделение.

Право на пријавување за функцијата заменик на ученичкиот правобранител имаат учениците од 6, 7 и 8 одделение.

 

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Документи за пријавување: пријава и мотивационо писмо.

Заинтересираните кандидати можат да подигнат пријава од педагошко-психолошката служба во училиштето. Потребно е кандидатите да ја пополнат и да ја достават пријавата до педагошко-психолошката служба.

Мотивационо писмо се доставува во слободна форма.

Краен рок за поднесување на документите:__30.09.2022

 

III. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Избор за ученички правобранител и негови заменици вршат учениците од 7 до 9 одделение според следните критериуми:

– пол,

– возраст,

– основно познавање на детските права,

– мотивација за пријавувањето,

– комуникациски и организациски способности,

– етничка припадност,

– претходно искуство, односно вклученост во воннаставните активности.

 

IV. ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ на ученичкиот правобранител и неговите заменици:

• учество на воведна обука за улогата и обврските на ученичкиот правобранител, организирана од страна на

педагошко-психолошката служба (тимот за поддршка на ученичко учество);

• промовирање на правата на детето во училиштето преку едукативни – врснички работилници и информативни настани;

• прибирање на претставки – поплаки од учениците (препознавање на прекршување на детските права и обезбедување заштита за почитување на детските права);

• редовна комуникација и координација со педагошко-психолошката служба.

Мандатот на избраниот ученички правобранител и замениците на правобранителите е 2 (две) учебни години (доколку правобранителот е 9 одделение, неговиот мандат е една учебна година).

 

Лице за контакт: ___Психолог – Ангела Стрезовска Трајковска____________

Телефон: 075/359-633

коментарите се зачклучени

Нашите Најнови Настани

Сеуште не сте наш корисник.
Притиснете тука за да се регистрирате.