Музеј на Македонија (едукативна програма)

Во соработка со родителите и учениците од IV б одделение и Музејот на Македонија се реализираше проект кој содржи активности реализирани од стручниот тим на едукатори. Проектот содржеше едукативна програма на центарот за едукација при музејот на Македонија. IV б одделение заедно со наставничките Соња Цветковска и Наташа Кузмановска запазувајќи ги програмските цели и негувајќи ја културната традиција и богатство реализираа дел од проектите во времетраење од 7 посети (7 часа) со динамика утврдена согласно со наставата.
Музејот на Македонија е национална установа со задача да го собира, чува, заштитува и презентира културното богатство. Експонатите со историско, културно и уметничко значење за Р. Македонија изложени се во постојаните поставки: историска, етнолошка и во галеријата на икони.
Музејот ги задоволи потребите и интересите на вопспитно образовниот процес.
Поделени во две групи учениците учествуваа во реализација на проектот „Народно творештво-грнчарство“ и проектот „Коледе-Бадник“.
Реализацијата на проектот беше крунисана со презентација на изработки и драматизации од страна на учениците, а со помош на едукаторите пред родителите, наставниците и други гости. Со проектот се потврди потребата од негување на традицијата, културата и развивањето на свеста кај најмладата популација за зачувување на традицијата и културното богатство на своите предци.


Кликнете на сликата за да видите повеќе.

коментарите се зачклучени

Нашите Најнови Настани

Сеуште не сте наш корисник.
Притиснете тука за да се регистрирате.