Родителите дел од образованиот процес

Предмет – Природни науки
На тема – СТРУЈНО КОЛО
1. Запознавање со струјно коло
2. Презентација
3. Изработка на струјно коло од страна на учениците по групи.
Учениците од  IV а и IV в присуствуваа во современо опремената училница во нашето училиште медиотеката на предавање на тема СТРУЈНО КОЛО по предметот природни науки.
Предавањето го водеше родителот Ристе Велков дипломиран електро-инженер и наставничките Наташа Ковачка и Даниела Ѓеркоска

Предавање за струјно коло

Нутриционистите во основното образование

На 23. XI 2020 год во паралелката 7 – в на Одделенски час беше одржано предавање за здрава исхрана во услови на пандемија. Како предавач и учесник на часот беше Билјана Ристеска, родител на ученик од нашето училиште по занимање нутриционист. На односната тема беше укажано како, кога и на кој начин треба да се хранат учениците на возраст од основно училиште. Кон крајот на предавањето имаше и неколку прашања на темата за исхрана, а ние го издвојуваме она што се однесуваше на употребата на водата. Предавањето беше исцрпно, податливо, јасно и прецизно, така што учениците добија појасна слика за тоа како треба да изгледа дневна исхрана на дете на тинејџерска возраст, но и се создаде и визија дека треба да се напуштат штетните навики во исхраната (чипсови, грицки и сл.)

Еве неколку препораки од нутриционистката кои успеавме да ги запомниме:
– Изберете храна богата со хранливи материи како што се свежо сезонско овошје и зеленчук, како и интегрални производи.
– Од храна богата со јаглени хидрати, изберете корисни производи како што се житарки, каша, интегрален леб и тестенини.
– Свежо сирење, јајца и мешунки се протеинска храна што треба да се наоѓа на вашата чинија секој ден. Препорачуваме да конзумирате риба еднаш или два пати неделно, а месо без маснотии можете да си дозволите најмногу четири пати неделно.
– Изберете растителни масла во замена на оние маснотии од животинско потекло.
– Избегнувајте ги грицките…

—————————————————————————————————————
Оваа есен беше поинаква за целото човештво, па така и за учениците од IV б
одделение. Училишната година започна на 1ви Октомври и учениците со нетрпение го
испишаа насловот на едно ново поглавје од книгата на училишниот живот, именувана како
“Онлајн настава”. Вредно чекорејќи низ деновите, книгата на секој од учениците се
исполнуваше со шаренила од презентации, совладување нови лекции и повторување на
минатото знаење, пеење и слушање на песни, откривање нови техники, создавање на ликовни
творештва… Секој од учениците се труди да научи повеќе за компјутерските науки и работата
со компјутерите. Тие ги изучуваат и природните науки, кои се системи на знаења чија основна
цел е проучување на природата и процесите во неа.
Извадок од книгата на еден ученик кој во соработка со својот родител овозможи да се
оддржи еден многу интересен и поинаков час.
Училишниот живот на Каја Богдановиќ

ГЛАВА 23 (XI 2020 година)

Беше ден 23.11.2020 година, се приклучив на часот по Природни науки кај мојата
наставничка Наташа Ковачка. Денешната лекција беше со наслов: Загревање и ладење.
Интересно. Што значат овие поими? – се запрашавме ние. Наставничката Наташа на екранот ни
прикажа презентација во која се потсетивме на минатите знаења, а дел од учениците
одговорија на прашањата за: Што е цврста, течна и гасовита состојба? Потоа, продолживме со
новата наставна содржина. Стекнавме нови знаења, заедно со мојата мајка Александра
Богдановиќ изведовме еден експеримент за загревање и ладење на материите. Истиот беше
спроведен со материјата мраз. Го покажавме процесот на загревање на сите ученици, а потоа
ја направивме обратната постапка, стопениот мраз го ставивме да се замрзне. Оттука, сите го
сфативме процесот на загревање и ладење.
Учениците со полно внимание и радозналост го следеа часот.

коментарите се зачклучени

Нашите Најнови Настани

Сеуште не сте наш корисник.
Притиснете тука за да се регистрирате.