ООУ “Димо Хаџи Димов” беше домаќин на завршната манифестација “Десетка за Карпош”, која се реализираше во соработка со локалната самоуправа. Во средата 26.12.2012 со почеток во 18 часот, се одржа завршната манифестација “Десетка за Карпош” на која беа доделени дипломи и пофалници за најуспешните наставници од десетте основни училишта кои се наоѓаат на територијата на Општина Карпош. Петте основни категории беа: за најуспешен проект, за хуманост, за најубаво уреден училишен простор, за најдобра сторија и наставниците пеат. На манифестацијата беа доделени дипломи (во пет категории) и пофалници (во две категории) за најуспешните наставници и образовни лица, кои во текот на оваа година, со помош на своите ученици и нивните родители, напорно работеа на реализација на својот удел во рамки на овој оригинален проект.
Наставниците од ООУ Димо Хаџи Димов добија награди во следниве категории: најубаво уреден училишен простор доби прво место Јане Ангеловски за уредувањето на Кабинетот по техничко образование , во категоријата хуманост прво место доби инклузивниот тим Милка Ивановска-координатор на проектот, Виолета Ѓорѓиева, Катица Дуковска Муратовска, Анета Ѓорѓиевска, Невена Петковска за проектот „Инклузија-секој може да учи“, во категоријата наставниците пеат Фасцинираше и македонската Адел, наставничката Симона Марочковска со “Rolling in the deep“ која доби второ место.. Оваа манифестација се одржа за прв пат оваа година, со надеж дека ќе прерасне во традиција.




коментарите се зачклучени