Известување за Патронен празник

Нашето училиште  ООУ Димо Хаџи Димов -Скопје во Петок  26.10.2012 од 15 – 18 часот  ќе го прославува својот патронен празник. По тој повод се организира хуманитарен Базар во нашето училиште.Учество ќе земат сите ученици ,вработени и родители.

На училиштниот базар  ќе има покуќнина,декоративни материјали,декоративни украси, накит,книги, играчки и многу  други нешта кои ќе израдуваат некого во своето домаќинство. Средствата ќе бидат наменети во секое одделение посебно за културно-научни екскурзии.

Она што ќе остане непродадено ќе биде подарено во Црвен Крст за помош на социјалните семејства. Со ова ќе ја докажеме нашата хуманост и грижа за нив затоа што сметаме дека:

Не е срамота да немаме,срамота е да не помогнеме!

Нашето мото оваа година е :

СТАРОТО И НОВОТО ВО ФУНКЦИЈА НА НАПРЕДОКОТ И ХУМАНОСТА

Повелете бидете и вие дел од нашата хумана манифестација.

 

 МОТО

патронен празник

26.10.2012

 

 

1. Умеам,штедам…

2. Старото има функција!

3. Моите стари нешта во ново руво со нова вредност!

4. Стари работи во нов сјај!

5. Дајте душа на користените работи!

6. Еднаш купи засекогаш користи!

7. Осмели се, направи го вистинскиот чекор!

8. Старото и новото во фунција на напредокот и хуманоста!

 

Може да се собираат:

– покуќнина

– накит

– декоративни материјали – тапети,ленти,волници,корпи, саксии, расади, таписерии, гоблени, слики…

– ученички прибор

 

Сето тоа што нема да се продаде ќе преговараме со- ЦРВЕН КРСТ да го донираме за социјалните семејства.

коментарите се зачклучени

Нашите Најнови Настани

Сеуште не сте наш корисник.
Притиснете тука за да се регистрирате.