Нашето училиште на 21. 10.2013г. беше домаќин на работната средба помеѓу членовите на УНИЦЕФ и Регионалната директорка на УНИЦЕФ Мари-Пјер Поарие и наставниците од Инклузивниот тим, директорот на училиштето и родителите кои се дел од програмата за инклузија. Целта на посетата е да се дознае како децата со пречки во развојот успеваат да го добијат местото што им припаѓа во ова училиште и согледувањето на работата на тимот и нивниот придонес за децата со посебни потреби. Искуствата ќе послужат за ширење на добрите практики на инклузивното образование во Македонија но и пошироко.





коментарите се зачклучени