Фестивал на сочни фигури

На ден 16.10.2015 година во училиштето ДСУ „Св.Наум Охридски“ – Охрид се одбележа денот на храната. Целта беше да се зголеми свесноста за здраво живеење преку здрава исхрана во здрава околина. Фестивалот беше посветен на здраво живеење со наслов Сочни фигури. Дружењето на учениците од повеќе училишта од градот беше збогатено со изработка на сочни фигури направени од повеќе здрави намирници, од овошје и зеленчук. Сите учесници ја покажаа својата умешност и креативност во создавање на изработките. Изработките беа вистински фестивал на здрава храна.
Одговорен наставник: Марика Дурлевиќ



коментарите се зачклучени

Нашите Најнови Настани

Сеуште не сте наш корисник.
Притиснете тука за да се регистрирате.