Нашето училиште учествуваше на конкурсот за добивање на
Интерактивни табли од МОН и Македонски телеком АД – Скопје;
МОН изготви посебни критериуми врз основа на кои училиштето
ќе аплицира за добивање на интерактивни табли. Апликацијата ја подготви
тим – комисијата кои ја сочинуваа: Велибор Јовановски,Магдалена Мојсовска,
Лидија Гркова, Невена Петковска и директорот Зорка Ристова.
За секоја општина Република Македонија доделува по една интерактивна табла
за училиште кое ќе ги исполни соодветните критериуми.
На ден 26.12.2012г. Беа објавени резултатите на кои нашето училиште ја
доби Интерактивната табла, која се надеваме дека ќе ни биде од голема корист.




коментарите се зачклучени