Нашето училиште „Димо Хаџи Димов“, кое се наоѓа на територија на општина Карпош, е избрано за училиште со најголем број собрани празни батерии на ниво на Општината, во рамките на проектот кој го спроведува „Го Клин“. На 25 ноември се одржа завршната фаза од проектот „Го Клин од отпадни батерии“, каде во седум пилот општини, меѓу кои и општина Карпош, се поделија сертификати за успешно завршен проект.
Спонзорите на истиот проект, Амбасада на Норвешка, Амбасада на Шведска, Министерство за животна средина и простороно планирање, Т-Мобиле како и компјутерската фирма „Анхоч“, по тој повод доделуваа награди за секој училишен еко-тим за успешно завршена работа. Телефонскиот оператор Т-Мобиле на ООУ „Димо Хаџи Димов“, ќе им додели награда бесплатен пакет за користење на кабловска телевизија и интернет во период од една година кој ќе го покрие целото училиште, додека пак фирмата „Анхоч“ ќе им додели материјална награда.
На овој начин, преку организираните еко-тимови во секое училиште, основците имаа можност во текот на седум месеци, да се запознаат со штетноста на батериите и лошото влијание врз нивното здравје. На завршната манифестација беа поделени кантички (место за отпадни батерии) за секое училиште-учесник, како потсетник каде треба да се фрлаат празните батерии.




коментарите се зачклучени