Децата можат да го обединат светот. Тоа обединување може да биде прецизно и трајно,
дружељубиво и вечно,ако зад целата акција стои математиката.Овој месец децата преку
математички задачи стокмени во игра, употребувајќи интернет,ја покажуваа својата
логичка интелигенција.Во целиот свет и во целата држава овој месец се случуваше
револуција во решавањезадачи. Се случуваше глобална светска манифестација во која
Македонија си го најде своето место како мошне значајна математичка сила.Имено, по
повод Светскиот ден на Математиката, околу 2000 ученици од Република Македонија
се натпреваруваа on-line. Од вкупниот број ученици беа избрани најдобрите 120 кои на
27.02.2013 година се натпреваруваа на Државниот on-line натпревар по Математика чиј
организатор беше гимназијата “Алгоритам“, со подршка од Кабинетот на Претседателот
на Република Македонија-Ѓорѓе Иванов. На Државниот натпревар учествуваа и шест ученици од
ООУ “Димо Хаџи Димов“ од Општина Карпош – Скопје. Ученици од ова училиште кои
земаа учество во Државниот on-line натпревар беа: Димитар Митровски VII1,
Андреј Тавчиоски VII3, Марко Јуруковски VII3, Наташа Стефановска VII5, Ана Ноевска VII5
под менторство на наставникот по математика Ирена Станкова и ученичката
Марта Крстевска VIIб под менторство на наставникот Слаѓана Милановска.
По одржаниот Државен on-line натпревар беа формирани четири тима од по 30 ученици.
Во првиот тим влегоа најдобите 30 математичари од Република Македонија, кои на
06.03.2013 година ја претставуваа Република Македонија на Светскиот on-line натпревар
по Математика. Од Општина Карпош во првиот тим влегоа четворица ученици, и тоа, сите
од ООУ “Димо Хаџи Димов“




коментарите се зачклучени