Презентација – Наполеон Бонапарта

Наполеон Бонапарта

Наполеон Бонапарт (француски: Napoléon Bonaparte, 15 август 1769 – 5 мај 1821), француски император, основоположник на многу реформи на Француската Револуција. Тој е еден од најголемите воени гении во 19 век; ја освоил цела Западна Европа и Египет, додека воведувал реформи во овие нови територии, цело време им гарантирал слобода на народот и дека ќе го подобри начинот на живеење. Тој самиот се крунисал за император на Франција во 1804 и вовел реформи очекувајќи да го обедини незадоволниот народ. Неколку од Наполеоновите реформи се во употреба и денес.

Битката кај  Ватерло

Наполеон сепак успеал да направи драматично враќање. Во март 1815, тој побегнал од Елба, стасал до Франција и ги придобил силите испратени да го заробат. Во Париз, тој донел нов, подемократски устав и неговите ветерани од претходните битки го поддржале. Наполеон барал мир од сојузниците, но тие го одбиле, па тој нападнал прв. Резултатот бил пораз во Битката кај Ватерло, Белгија, на 18 јуни 1815.

Битката кај Аустерлиц

Битката кај Аустерлиц е една од најдобрите воени судири предводена од Наполеон. Се одвивала на местото близу селото Аустерлиц (сега Славков, Чешка Република) на 2 декември 1805 година, меѓу француската војска од околу 68.000 и австро-руската војска околу 90.000. Некои ја нарекуваат „битката на тројцата императори”, бидејќи Наполеон, Францис I од Австрија и Александар I од Русија биле присутни на бојното боле.

Наполеон ги победил Австријците кај Улм во октомври и ја окупирал Виена, австрискиот главен град, во ноември, но дел од австриската војска останала недопрена и продолжила на север да му се придружи на рускиот сојузник кај Олмутц во Моравија. Наполеон бил предводен од идејата за брза победа, пред Прусија да може да ѝ се придружи на антифранцуската коалиција и да ги зголемат силите против него.

Наполеон напредувал сè до Брно во крајот на ноември и тогаш се повлекол на неколку милји, надевајќи се дека рускиот командант, принцот Михаил Иларионович Кутузов, ќе се обиде да го нападне, да му ја нападне страничната линија и дека ќе му ја пресече неговата линија на повлекување кон Виена. Антифранцуските сојузници тогаш го зазеле полето Процен западно од Аустерлиц, а на 2 декември Русите успеале да го нападнат десното крило на војската на Наполеон, како што и се надевал. Овој напад и уште еден од Австријците на левото крило биле одбиени. Од оваа гледна точка, Наполеон ја испратил неговата центарна сила, под команда на маршалот Николас Соулт, против сојузничкиот центар, кој бил слаб за да ги издржи страничните потези. По жестоката борба, Французите ја разбиле австриската и руската борбена линија и ја комплетирале маршутата. Французите изгубиле 9.000 луѓе, а сојузниците околу 25.000. Како резултат од оваа победа тројната коалиција против Наполеон се распаднала.

 

Битката кај  Лајпциг

 

Битката кај Лајпциг, наречена битка на нациите, била одлучувачкиот судир на француската армија на Наполеон, со оние на Австрија, Прусија, Русија и Шведска, водена од 16-19 oктомври, 1813, кај Лајпциг, Германија. Исплашен од коалицијата со загубата на виталната комуникација низ градот, Наполеон го чекал нападот на 16 октомври, но наредните денови на коалицијата, која била со огромна супериорност во однос на силата, и се приклучиле новодојдени сили. Нападот започнал на 18 oктомври и рано изутрината во наредниот ден, по девет часа борба, Наполеон наредил повлекување преку реката Вајсе Елстер. Во конфузијата, мостот на реката се кренал предвремено, пред да заврши повлекувањето, оставајќи 30.000 француски војници да бидат земени во притвор во градот. Последиците на двете страни се проценети меѓу 90.000 и 120.000 жртви. Сепак битката кај Лајпциг ефективно ја елиминирал наполеоновата моќ источно од Конфедерацијата на Рајна.

 
Битката кај Бородино

Во 1812, Наполеон, чие сојузништво со Александар I пропаднало, лансирал инвазија на Русија. Напаѓачката армија располагала со околу 530.000 луѓе и 1.000 топови. Наполеоновата војска успеала да навлезе во Москва, која ја напуштиле руските единици и голем дел од цивилното население. Наместо мир, напаѓачите доживеале отпор и зимското невреме сосема ги уништило. Кампањата завршила во катастрофално повлекување од Москва во 1813.

 

Наполеон Бонапарта

 

Карта
Берлински Конгрес

Берлинскиот конгрес (13 јуни – 13 јули, 1878) е средба на државните претставници на тогашните европски големи сили и Отоманската Империја која се одржала во Берлин во 1878 година, после завршувањето на Руско-турската војна, 1877-1878. На конгресот се расправало за новонастанатите услови на Балканот. Претседавач на конгресот бил Ото фон Бизмарк.

 

Цели на Конгресот

 
Некои од големите сили, особено Австро-Унгарија, Британија и Франција, не биле задоволни со содржината на Санстефанскиот договор, кој бил склучен помеѓу Русија и Турција во март истата година. Причината за незадоволството била што тие сметале дека на Русија ѝ биле дадени преголеми отстапки, особено излез на Егејското море до Солун и Кавала преку бугарска територија. Поради тоа, под закана со војна, тие го иницирале новиот мировен состанок. Конгресот имал за цел да изврши ревизија на Санстефанскиот договор и да го спречи ширењето на руското влијание на Балканот. На инсистирање на Русија, Бугарија не учествувала на Берлинскиот конгрес.[1]

Исцрпени од претходната меѓусебна војна, Турција и Русија прифатиле одржување на нов мировен конгрес, кој го организирала Германија на чело со Бизмарк.

конгрес

 

Изработиле – 8‘1

 

 

коментарите се зачклучени

Нашите Најнови Настани

Сеуште не сте наш корисник.
Притиснете тука за да се регистрирате.