ПАРИЗ
19 век
Парижаните револтирани од монархијата кренале Јулска револуција во 1830. Кралот Карло X бил принуден да абдицира од тронот. Со Февруарската револуција во 1848 година завршила монархијата на Луј-Филип Iи се пристапило кон создавање на Втората Француска Република.
Индустриската револуција и Француската втора империја довеле до голем и брз развој на Париз. Преку железничките врски се овозможиле непречени миграции кон Париз и развој на индустријата во предградијата на градот.
Париз доживува масовна реконструкција за време на владеењето на Наполеон III Бонапарта. Со планот на архитектот барон Османсе изградиле нови улици, широки булевари и авении, се подобрила комуникациската врска со внатрешноста на земјата, се обновиле фасадите на зградите, се изградила водоводна и канализациона мрежа. Со тоа кралот се надевал дека ќе ги смири народните маси и ќе обезбеди нивна поддршка.
Во периодот од 1870 и 1871 година, градот се наоѓа под опсада, со која завршила и Франко-пруската војна. Со падот на кралотНаполеон III Бонапарта се формирала Париската комуна, при што народот ја презел власта, протерувајќи ја владата надвор од градот. Во борбите меѓу комуните и царската гарда загинале повеќе од 22.000 парижани.
Париз бил домаќин на Универзалната изложба одржана по повод на стогодишнината од Француската револуција. За таа изложба била изградена и прочуената Ајфелова кула, главен архитект на кулата бил Густав Ајфел по кого градбата го добила името. За време на изложбата во 1900година било отворено и париското метро.
~Кујна
Француската кујна е популарна по:
А)Кроасаните, се спремале во различни варијанти, печени со сирење, полнети со шунка, со чоколадо или лешник.
![]()
Б) Супа со кромид
![]()
В) Сирење, при оброкот сирење не смеело да недостасува
„Камембер“ е меко сирење, кое од надворешната страна е бело, а во внатрешниот дел е со жолта боја. Од 1880 година се пакува во дрво, што особено ја зголемило неговата популарност. Формата му е во облик на круг и тежи околу 200 грама, а карактеристичен е по посебниот вид бактерија, која е важна за неговото созревање.
![]()
~Архитектура
Ајфеловата кула е изградена во Париз како дел од светска изложба која имала за цел да ги покаже убавите и единствени дела од Франција, како и нејзината напредна технологија. Нејзината конструкција била започната 26. 01. 1887, и била завршена на 31.03. 1889. Била дизајнирана од страна на Густав Ајфел (Gustave Eiffel) кој исто така ја има дозајнирано и внатрешната страна на Статуата на слободата во Америка. Името го има добиено токму во чест на нејзиниот дизајнер. Стотина катови ја сочинуваат кулата, во висина од 324 метри. За нејзината изградба биле потрошени милиони долари и биле употребени преку 7 000 тони челик.
Иако главната причина за изградба на Ајфеловата кула е изложбата, сепак постојат и други причини. Една од нив е дека, кулата е изградена на денот кога Франција славела 100 години од Француската револуција. Сакајќи овој ден да биде што повпечатлив и подобро запаметен, луѓето и властите изрaзиле желба за некоја маркантна творба. Токму Ајфеловата кула била таа творба, која не само што е една од најубавите конструкции на Франција, туку и во целиот свет. Денес, таа е едно од Седумте светски чуда.
Друга причина е за унапредување на науката во Франција. Поради нејзината височина, кулата била идеална за вршење на експерименти од областа на температурата, притисокот и радио телеграфијата.
По истекот на нејзиното закупување, 20тина години подоцна, многу луѓе сакале кулата да биде уништена. Меѓутоа, многу научници и политичари се спротивставиле на таа идеја и ја задржале кулата за истражувања на радио трансмисии. И денес се користи за истата цел, која всушност може да претставува и една од најголемите причини зошто Ајфеловата кула и денес постои.
Последната причина за изградба на кулата е да се направи историски потфат кој на изложбата ќе ѝ даде поголема слава. Во тоа време била најголемата зграда на целата планета и нејзиниот дизајн бил од голема помош за понатамошните конструкции на зградите во Франција.
![]()
Факт кој малкумина го знаат е дека првичната идеја била Ајфеловата кула да биде изградена во Барселона за светската изложба која требала да се одржи во 1888. Меѓутоа, властите на градот не покажале никаков интерес за градбата и стоеле на ставот дека тоа бил многу скап проект. Потоа дури Парис се согласил кулата да биде изградена таму и да биде главно обележје на изложбата.
![]()
~ОБЛЕКА
Дамите во Париз носеле раскошни фустани, надополнети со модни додатоци како:шешири, чадори, ладала…
![]()
Изработила: Сара Станковиќ VII в




коментарите се зачклучени