Техниката во XIX и XX век!
![]()
Што е всушност техниката?
Техниката претставува примена на науката за олеснување на животот на луѓето, т.е. со помош на техниката се откриени (и се откриваат) сите оние откритија кои ни се од голема корист и денес. Некои од поголемите технички откритија се: првите машини за пишување, првите автомобили, првите грамафони и многу други откритија.
Технолошки откритија и нивните изумители
Развојот на науката во XIX и XX век предизвикал многу нови пронајдоци и технички откритија кои извршиле големо влијание на натамошниот развиток на индустријата, сообраќајот и комуникациите. Во овој период, бројот на новите откритија бил многу голем. Во овој период се измислени првите машини за пишување, автомобили, телефони, грамафони, микрофони и други слични откритија кои ни се од голема корист и денес, во XXI век. Но кои биле оние научници кои го откриле сето ова? Тоа се изумителите како: Франк Роуз, Томас Алва Едисон, Џејмс Ват, Михајло Пупин, Семјуел Ф. Б. Морзе и многу други.
Франк Роуз
,,На големата изложба на машини и различни практични изуми каде биле изложени плугови, светилки, автомобили, локомотиви- светот се собрал особено околу штандот на кој еден маж удирал со прсти по типките на една направа, а на другата страна излегувала хартија со отпечатени букви. Човекот кој чукал бил Франк Роуз, пронаоѓачот на машината за пишување. Направата на Роуз била прва употреблива машина за пишување, попрактична од сите кои биле порано патентиратни. Таа бргу почнала да го освојува светот…‘‘- Њујорк, 1909 година.
Томас Алва Едисон
Томас Алва Едисонбил американски техничар и пронаоѓач. Негови најзначајни пронајдоци се фонографот (грамофонот), микрофонот, акумулаторот, електричната светилка, го усовршил телефонот, меѓу првите изградил електрична централа, прв ја применил филмската лента од целулоид и го изградил првото филмско ателје во светот. Неколку години работел како телеграфски оператор насекаде низ САД. Успеал да заштеди доволно за да почне свој бизнис.Во сопствената работилница го покажал сиот пронаоѓачки талент. Меѓу неговите патенти се вбројуваат грамофонот, телеграфот – печатач, карбонскиот телефонски трансмитер, микрофонот, како и многу други апарати.Кон крајот на животот произвел звучни филмови.
Џејмс Ват
Џејмс Ватму ја дал на светот една од најважните машини на сите времиња, – кондензирачката парна машина. Во 1757 година бил поставен за произведувач на научни инструменти и делови на универзитетот во Глазгов, каде што ги проучувал механичките потенцијали на пареата. Поправајќи една парна машина во 1764 година, дошол на идеја како одвоено да ја згусне пареата; ова го направило прочуен во светот.
Станал партнер со англискиот инженер Метју Баултон и заедно почнале да ги произведуваат Ватовите пронајдоци. Меѓу неговите пронаоѓачки дела се хидрометар, бродски пропелер, и автоматски центрифугален уред за регулирање на брзината кај машините.
Михајло Пупин
Михајло Пупинбил знаменит великан во областа на физиката и електрониката, научник и пронаоѓач од светски глас, кој дал особен придонес во областа на телекомуникациите, радиотехниката и радиологијата. Бил професор по физика и математика на Колумбија во САД, го пронашол системот на повеќекратна фотографија и ги открил секундарните рентгенски зраци. Човештвото најмногу го задолжил со решението на проблемот на телеграфски и телефонски пренос на далечина. За својата научна дејност посмртно ја добил Пулицеровата награда во 1924 година, како и многу други награди со светско значење.
Семјуел Ф. Б. Морзе
Семјуел Финли Бриз Морзее американски уметник и пронаоѓач познат по своите два најзначајни патенти – електричниот телеграф и Морзеовата азбука. Во 1826 се заинтересирал за хемиски и електрични експерименти и инструменти и започнал со правењето на електромагнетниот телеграф, што целосно успеал да го конструира и комплетира во 1836 година, кога имал 45 години. Истовремено, со самото комплетирање на оваа иновација тој измислил и кодирана азбука, која денес е позната како Морзеова азбука, токму во негова чест. На 4 септември 1837 година, во присуство на поголем број научници, Морзе со успех ја демонстрира работата на телеграфот.
Никола Тесла
Никола Тесла бил генијален истражувач и пронаоѓач на полето на електротехниката и радиотехниката.Тесла е најпознат по своите револуционерни откритија во областа на електро-магнетизмот кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Патентите на Тесла и неговата теоретска работа стануваат основа за формирањето на целокупниот систем на наизменичната струја, вклучувајќи го и конструирањето на полифазните системи (поточно трофазните), како и на индукциониот мотор, со кој се претвора во предводник на Втората индустриска револуција. Многу од неговите откритија се искористени, дел со примеси на контроверзија, за да поддржат теории во областа на псевдонауките, НЛО потрагите, како и на полето на окултизмот. Современите проучувачи на ликот и делото на Тесла го нарекуваат “човекот што го измисли дваесеттиот век” и “светецот-заштитник на модерниот електрицитет.
Вилхелм Конрад Рентген
Вилхелм Конрад Рентген бил германски физичар, професор на неколку универзитети во Германија. Ги открил „икс“ зраците во 1895 година – електромагнетски бранови, подоцна наречени „рентгенски“ и за тоа откритие во 1901 ја добил Нобеловата награда за физика. Во 1895 година Рентген објавил дека во модифицирана Круксова цевка открил невидливи зраци што предизвикуваат флуоресценција, поминуваат низ материјалите и не можат да се отстранат во магнетно поле. Тој ги нарекол Х-зраци затоа што нивната природа тогаш била непозната, иако подоцна се покажало дека тие и претходно биле забележани при некои експерименти. На пример, Никола Тесла ги произвел со делување на електрично поле со висока фреквенција.
Техниката, некогаш и сега…
За разлика од некогаш, ние луѓето сега имаме многу поолеснат живот т.е. имаме многу поповолни услови за живеење. Компјутери, авиони, автомобили, телефони, разни објекти, сето ова е нешто што го имаме ние денес, но некогаш го немало. Се разбира, поголем дел од овие изуми се патентирани во ,,златното доба на техниката‘‘ односно XIX и XX век. Но тогаш сите овие откритија не биле развиени како денес. Затоа сите ние би требало да бидеме благодарни на сите изумители со чија помош ние денес уживаме во се што е откриено во текот на долгата историја.
Изработила: Тамара Тодорова VII д




коментарите се зачклучени