Титаник во 19 век
![]()
Титаник бил британски прекуокеански патнички параброд од класата Олимпик сопственост на Вајт Стар Лајн, компанија која организирала редовен прекуокеански сообраќај помеѓу Велика Британија и Сад.Бил изграден во бродоградилиштето Харланд и Вулф. Во времето кога бил изграден, бил најголемиот патнички брод. Бил изработен според најсовремените технологии и популарно се верувало дека е „непотоплив“. Палубите и просториите од првата класа на бродот биле особено луксузни и убаво уредени.
![]()
Имал носивост од 46.328 бруто-регистарски тони, должина од 269,1м, парни турбини со 59.000 коњски сили, максимална брзина при полн товар од 24 јазли (44,57 км/ч).Вкупен капацитет му бил од 3.547 патници.
За време на првото патување, Титаник удрил во санта мраз во Северниот Атлантик пред полноќ на 14. април 1912 и потонал два часа и четириесет минути подоцна, на 15. април. Тоа бил голем шок за јавноста, особено што потонувањето завршило со огромни загуби од 1517 патници, што е една од најголемите поморски цивилни несреќи.
![]()
Изработила: Златка Станкоска 7а




коментарите се зачклучени