Презентација за Виктор Иго

Виктор Иго (Victor Hugo)                                                                                                                         

Виктор Иго (1802-1885), романсиер, поет, драматург и еден од најважните француски Романтични писатели од деветнаесеттиот век. Негови најпознати дела се Богородичната црква во Париз и Клетници , но неговото творештво е многубројно.

Наполеон се прогласил за цар кога Виктор Иго имал само 2 години, а династијата Бурбони се вратила на престолот пред неговиот 18 роденден. Родителите на Иго се бореле за превласт во Франција во текот на целиот негов живот. Татко му на Виктор Иго бил командант во војската на Наполеон кого го сметал за херој, додека неговата мајка била католичка ројалистка која по некои приказни за љубовник го избрала генералот Виктор Лаори кој во 1812 е погубен поради сомнеж дека ковал планови против Наполеон Бонапарта.По разделбата на неговите родители, тој бил негуван и воспитуван во Париз од страна на неговата мајка.

 

Виктор Иго помогнал во развојот на романтизмот и бил поврзан со политиката како херој на републиканизмот и бил протеран од татковината поради своите политички мислења.

Предвремената страст и елоквенцијата на неговите први дела, му донеле успех и слава на младост. Неговата прва збирка на песни „Нови оди и други песни“ (Nouvelles odes et poésies diverses) била објавена во 1824, кога Иго имал само 23 години, и му донела кралска плата од Луј XVIII. Наредната збирка која е објавена во 1826 „Оди и балади“ го открила Иго како голем и одличен поет, мајстор за лирски и креативни песни.

Иако неговата мајка не сакала, младиот Иго се вљубил и тајно се свршил со неговата другарка од детството, Адел Фуше (1803-1868). Поради необичната блискост со мајка му, Иго дури после нејзината смрт се осетил слободен за да се ожени со Адел (1822). Своето прво дете го добиле во 1823, но детето умрело уште во првата година од животот. Иго имал уште четири деца, ќерките Леополдина и Адел, и синовите Шарл и Франсоа-Виктор.

Првата драма што ја продуцирал самиот била „Марион Делорм”. Иако на почетокот била забранета поради својата критика на монархијата, забраната била укината, а премиера имала во 1829, но и ова дело не доживеало успех. Но неговата следна драма „Ернани” се покажала како една од најуспешните драми во 19 век.

После Француската академија се вклучил во политичкиот живот и постанал голем поборник на републиката. Подоцна бил избран во Законодавната и Конститутивната асамблеја Кога Луј Наполеон (Наполеон III) ја презел целосно власта во 1851, и кога донесол анти-парламентарen устав, Иго јавно го прогласил за предавник на својата татковина. Плашејќи се за својот живот, Иго побегнал во Брисел, па во Џерси, а со фамилијата конечно се сместил на еден од каналските острови каде што живеел во прогонство до 1870.

Кога Виктор Иго во 1870 се вратил во Париз, народот го прогласил за народен херој. За краток период после неуспешните избори за Народното собрание добил мал мозочен удар, ја доживеал опсадата на Париз, неговата ќерка завршила во умоболница, а неговите два сина умреле. Неговата ќерка Леополдина се удавила во бродолом во 1843, неговата сопруга Адел умрела во 1868, а неговата верна љубовница Жилиет Друе умрела во 1883, две години пред смртта на Иго.

Во 1881 Виктор го прославил својот 79 роденден. Во чест на тоа му била направена голема прослава. Му била направена најголемата парада во француската историја. Народот марширал од “Авени д’Елеј” до Елисејските полиња и до самиот центар на Париз. Народот марширал 6 сати за да помине пред станот на Иго, а тој седел на прозорецот и го гледал народот. Секој чекор од парадата бил направен и испланиран во чест на Виктор Иго.

Виктор Иго умрел на 83 години. Тој бил погребан во Пантео со повеќе од 2 милиони луѓе кој биле на неговиот погреб.

 

Изработила: Леа Карбевска VII б

 

коментарите се зачклучени

Нашите Најнови Настани

Сеуште не сте наш корисник.
Притиснете тука за да се регистрирате.